Анѓушев: Успешноста на економијата се мери по цел сет параметри
![]()
Оценката на економската успешност е комплес на бројки што треба да се гледаат интегрално. Успешноста не се мери само по еден параметар, туку по цел сет параметри и затоа очекувам 2019 година да биде најуспешна во последните 15 години и да има раст над 3,5 проценти и поголем, при „0“ задолжување од државата или многу мало задолжување, порача вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев.
-Кога зборваме за економски резултати на една држава тое не е само една бројка и само БДП, туку е сет на повеќе резултати. Мораме да земеме предвид кога настанал БДП колку било здолжувањето, дали паднала невработеноста, дали пораснале платите и странските директни инвестиции. Кога ќе се земе сет на сите овие прашања заедно очекувам 2019 година да биде најуспешна во последните 15 години, изјави Анѓушев во одговор на прашање пред почетокот на денешната тркалезна маса „Идната улога на пазарите на капитал во мали и отворени економии“, организирана од Комисијата за хартии од вредност и Македонската берза.
Тој посочи дека ќе продолжат да растат платите, ќе расте индустриското производство, а до крајот на годината ќе бидат подобри и државните и директните странски инвестици и ќе растат сите останати економски параметри.
Ново на Сител
-

Водата од водоводниот систем во Гостивар е безбедна за пиење
-

Јаневска: Квотите за упис се намалени на сите универзитети, завршува дистрибуцијата на учебниците во училиштата
-

Кривични за родители од Желино за запуштање на нивното дете
-

18-годишна девојка лажно пријавила дека со нож повредила непознато лице
-

37-годишен скопјанец приведен за измама од над 7.000 евра
-

Водата во Гостивар е безбедна за пиење, соопшти Ангелов
-

УХМР со предупредување за можно невреме во голем дел од земјата
-

СЗО: Повеќе од четири напади дневно врз здравствени установи во конфликтни зони во 2026 година
