Анѓушев се сретна со новиот холандски амбасадор Јан Коп
Тековните економски состојби во земјава, како и билатералната соработка со Кралството Холандија беа тема на разговор на денешната средба во Скопје меѓу вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев и новоименуваниот холандски амбасадор Дирк Јан Коп.
Вицепремиерот Анѓушев, информираат од неговиот кабинет, се заблагодари за поддршката од Кралството Холандија во процесот на стекнување полноправно членство во НАТО и започнување на преговори за членство во ЕУ и потенцираше дека Владата спроведува низа реформи, особено за економски просперитет и подобар живот на граѓаните во земјата.
-Стабилноста на земјата е особено важен предуслов за побрз и одржлив економски развој. Полноправното членство во НАТО и започнување на преговори за членство со Европската унија за граѓаните ќе значи дека ЕУ ги препознава реформите што ги спороведуваме и дека сме на вистинскиот пат. Во истовреме тоа е сигнал за идниот инвестициски циклус што го очекуваме да продолжи од домашните и странските инвеститори. Имаме многу направено во полето на владеење на правото, со носење закони усогласени со европската регулатива, кои овозможуваат силна поддршка на компаниите и поддржуваат технолошки развој и воведување иновации за повисока конкурентност на македонското стопанство, рекол Анѓушев.
Нагласил дека економијата е поставена на стабилни основи, сите економски параметри бележат раст, а Владата посветено работи на уште позасилен економски развој и овозможување подобар живот на граѓаните.
Холандскиот амбасадор Јан Коп и вицепремиерот се согласиле дека најголем предизвик на Република Северна Македонија, но и на останатите земји во регионот на Западен Балкан, во периодот што следи ќе биде усогласување на побарувачката и понудата на пазарот на трудот и реформа на образовниот систем.
Ново на Сител
-

Макрон ги критикува потезите на Трамп: Не смее да има никакви отстапки пред руските закани
-

Мерц: Русија сериозно ќе преговара за мир само под притисок
-

Зеленски: По нападите врз центрите за податоци на „Јандекс“, има помалку ботови и омраза на социјалните мрежи
-

Хрватска набавува јужнокорејски ракети со дострел до 500 километри, потврди Пленковиќ
-

МП за случајот со Михајлова: Националната припадност и државјанството не смеат да бидат основа за привилегиран третман
-

Ивановиќ: Црна Гора денеска ќе затвори три преговарачки поглавја со ЕУ
-

Ѓорѓиевски: Во Скопје в среда продолжува најголемата еко-акција досега
-

ЈОРСМ: Лани во октомври на Михајлова ѝ се одземени два пасоша и не ѝ беа вратени поради ризик од бегство

