Анѓушев - Ромео: Владата на Македонија е посветена на обврските од Берлинскиот процес
Владата e посветена на итните реформски приоритети, како и на обврските од т.н. Берлински процес. Ќе работи на реформи во енергетскиот сектор и на создавањето поволна бизнис клима за домашните и странските инвеститори, а конкурентноста на компаниите ќе ја подигне со инвестиции во патната и железничката инфраструктура, рече денеска вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев на средбата со италијанскиот амбасадор Карло Ромео.
Како што соопшти кабинетот на Анѓушев, средбата се реaлизира во пресрет на Самитот за Западен Балкан во Трст, што ќе се одржи на 12 јули, а е во рамки на Берлинскиот процес, за побрза интеграција на земјите од овој регион во ЕУ.
Ромео, како претставник на земјата домаќин на годинашниот Самит за Западен Балкан, ги презентираше приоритетите на италијанското претседавање и деталната агенда. Го поздрави формирањето на Владата и изрази надеж дека процесите за интеграција на Република Македонија, како и на целиот регион во ЕУ ќе се одвиваат со побрза динамика.
Република Италија како актуелен претседавач со процесот, ќе помогне, нагласи Ромео, за интензивирање на активностите.
Ново на Сител
-
Љупчо Палевски Палчо екстрадиран од Турција и сместен директно во Истражниот затвор во Шуто Оризари
-
Тема на денот со Горан Илијевски - Партија на Македонците во Србија
-
Атентат врз словачкиот премиер
-
Флекс кредит и СОС Детско Село заедно за Денот на семејството
-
Предизборниот и постизборниот период продуцира економска криза, сметаат економистите
-
Со нож и се заканија на претседателката на Уставен Кацарска
-
Запален службениот автомобил на директорот на Идризово- оштетена и блиската зграда
-
Уставен го одби барањето на судиите да го врати коефициентот за повисоки плати