Анѓушев: Растот на бројот на вработени и на платите треба да го почувствуваат и пензионерите
Порастот на просечните плати од 10 отсто во текот на овие две години и вработувањето на 54.000 луѓе за две години треба да го почувствуваат и пензинерите и сите во администрацијата, порача денеска вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев.
Според него, токму порастот на просечните плати и зголемувањето на бројот на вработени во изминатите две години е причина за најавеното покачување на пензиите и за зголемувањето на платите за пет отсто во јавниот сектор, почнувајќи со септемвриската плата.
-Факт е дека во државата се вработија 54 илјади луѓе за две години, а факт е и дека нето платите во текот на две години пораснаа за 10 отсто. Тоа е практично извор на средства, бидејќи сите тие 10 отсто плус плати просечни тие даваат плус 10 отсто средства во Пензискиот фонд. Исто така, овие 54 илјади нововработени со своите придонеси даваат плус средства во фондот. Цениме дека и пензионерите треба да го почувствуваат тој благодат од тоа што се случува во општеството. Се разбира, дека тој сооднос треба да го почувствуваат и пензионерите и сите останати во администрацијата за кои се обидуваме и нивните плати да ги направиме подостојни, рече Анѓушев воодговор на прашање пред почетокот на свеченоста за одбележувањето на патронот празник на средното електро-техничко училиште „Михајло Пупин“ и пуштањето во употреба на фотоволтаична електрана во училиштето.
Ново на Сител
-

Мицкоски: Со модернизацијата на хидроелектраните ќе го зголемиме производството на обновлива енергија
-

Рубио: Куба веќе „падна“ и е пропадната држава
-

Иран се закани со напади врз енергетската инфраструктура по говор на Трамп
-

Уапсен маж од Осака - чувал крокодил без дозвола
-

МЕРМС: За само две години Министерството постави највисок стандард на отвореност
-

Жените сe 39,2 отсто застапени во Собранието, но само 15 отсто во Владата, утврди ДЗР
-

Фон дер Лајен в петок доаѓа во Скопје на средби со претседателката Сиљановска Давкова и премиерот Мицкоски
-

ОпенАИ се извини за упадот на веб-страниците на австралиската влада - сака „повторно да ја изгради довербата“ кај Австралијците

