Анѓушев: Немам што да кријам, го охрабрувам Обвинителството да го истражи случајот
Вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев денеска на прес-конференција рече дека ја разбира сензитивноста на јавноста во врска со случајот со компанијата „Кастинвест“ која се откажа од грантот од Фондот за иновации и технолошки развој и додаде оти во целост ги испочитувал сите законски аспекти.
- Имам разбирање за сензитивноста на јавноста со оглед на тоа што десет години се случуваше во оваа држава. Немам што да кријам и го охрабрувам Основното јавно обвинителство да го истражи случајот до крај, рече Анѓушев.
Вицепремиерот рече дека во „Кастинвест“ е сопственик на 16 осто и оти денеска имало Собрание на содружници, а неговите партнери донеле разбирање за неговата позиција. Ќе остапат од договорот иако, како што рече, тој е добиен согласно сите критериуми.
Според него, првпат во Македонија се случува една добра иницијатива-македонските компании да бидат поддржани во рамки на иновативноста, мали, средни и микро претпријатија во Фондот за иновации и во рамки на Законот за финансиска помош. Рече да не се фрла дамка и да не се прави дисторзија на вниманието на јавноста од еден успешен и добар проект.
- Прават во државата се прават транспарентни мерки. Првпат во државата се прават мерки кои важат за сите компании во државата без притоа некој да договара нешто во некои кабинети и нема потреба да се прави државна помош за некого посебно, туку се прави по критериуми и процедури, рече Анѓушев.
Потсети дека неговата позиција во Владата била позната и оти поднел анкетен лист во кој, како што рече, прикажал транспарентно кои се неговите имотни позиции, кој е неговиот имот и сопственост во компаниите. Потсети дека секаде каде што има конфликт на интереси тој нема да настапува и оти се откажал од менаџерските позиции во сите компании.
Одговарајќи на новинарски прашања, Анѓушев рече дека е горд на компанијата „Брако“ каде има над 600 вработени бидејќи се вградил и како инженер и како менаџер. Во оваа компанија тој рече дека има 40 отсто сопственост. „Брако“ аплицирал во друг столб за државна помош и најави оти и таму нема ништо незаконско, но поради сензитивноста на јавноста, и сопствениците на „Брако“ ќе се откажат од користење на средствата. Според него, некому му смета успехот на овие проекти и успехот на оваа политика.
Ново на Сител
-
АПЕЛ ЗА ПОМОШ: Исчезнат е 28-годишниот Миле Тодоров од Неготино
-
Јаневска: Ова е нацрт-концепција и може да претрпи промени
-
Денеска и утре релативно топло, од недела вечер дожд и опаѓање на температурите
-
16-годишна девојка со нож го прободела својот татко во Пробиштип
-
Сочувство од министерот за правда Игор Филков до семејството на прерано загинатата Фросина Кулакова
-
Апелациониот суд пресуди дека забраната за продажба на оружје во САД на лица помлади од 21 година е неуставна
-
Починатата кавадарчанка пронајдена од нејзината ќерка ја убил партнерот со гушење
-
„Почивај во мир, најдобриот студент што сме го имале“, професорот Цури се прости од Фросина