Анѓушев: Изборите не би требало да имаат влијание врз реалната економија
Предвремените парламентарни избори што се најавени за 12 април следната година не би требало да имаат некакво влијание врз економијата, смета вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев.
-Знаете можеби ќе стагнира таа економија, каде што некаде се потребни владини одлуки, но тоа е веќе мал дел од економијата, бидејќи мислам дека во добар дел економијата ја пренасочивме кон реалниот сектор. Што има да стагнира Краунфилд Фаундри ако сто проценти извезува и со ништо не зависи од владините политики, изјави денеска Анѓушев по пуштањето во употреба на леарницата Краунфилд Фаундри во Пробиштип.
Тој истакна дека економијата мора да биде издржлива преку реалниот сектор, ивестициите, бидејќи тие не зависат ниту од избори, ниту од владините одлуки, туку од економските текови.
– Очекувам сите овие мерки и сите бројки коишто сега ги имаме, само ако го следат овој тренд што е зацртан, да растат благодарение на овие фундаменти, рече Анѓушев.
Според него, младите и работната сила не може да се задржи во земјава со ниски плати. Оценува дека тоа го прават пазарните услови, а против тоа, какошто рече може да се бориме само на еден начин, а тоа е да се биде попродуктивен.
-За да бидеме попродуктивни, а тоа е да имаме нова технологија, да имаме повеќе знаење и да има повеќе менаџерски способности. Точно, Владата во сите три сегменти помага на индустријата, вели Анѓушев.
Вицепремиерот за економски прашања напомена дека субвенционирањето на придонесите за зголемување на платите од 600 до 6.000 денари е една од мерките коишто помагаат и на текстилната, но и на сите стопански гранки во државата. Ваква мерка на стопанството во регионот засега има дадено само нашата држава, наведе Анѓушев.
Ново на Сител
-
Путин ги осуди обидите за ревидирање на историјата на Втората светска војна
-
Карни на средбата со Трамп: Канада никогаш нема да биде на продажба
-
Концерт на Марија Николовска во Њујорк
-
Измените на Законот за локална самоуправа поминаа на Влада, законското решение ќе важи за новите градоначалници
-
Поднесено барање за поништување на првиот круг од претседателските избори во Романија
-
Во близина на грчкиот остров Гавдос спасени 158 мигранти
-
Апелација ја уважи жалбата на Асмир Јахоски, прифатена гаранцијата во пари и имот и определени мерки за претпазливост
-
Обвинение против 10 лица за злоупотреби во РЕК Битола, направиле имотна штета во износ од 178.370.319 денари