Бизнис
14. April 2019 - 8:35

Анѓушев и Деспотовски во посета на „Аква Поника“

Вицепремиерот Кочо Анѓушев и директорот на Фондот за иновации, Јован Деспотовски денеска ќе ја посетат компанијата „Аква Поника“ во Орешани која го спроведува проектот „Брендирани млади органски салати“.

Во рамки на посетата, Анѓушев и Деспотовски ќе се сретнат со коосновачот на „Аква Поника“, Милица Петрушевска.
 
Проектот „Брендирани млади органски салати“ е кофинансиран преку грант на Фондот за иновации.