Ангеловски: Ова се моменти кои цел живот ќе ги паметам и среќен сум што бев дел од сето ова
После Горан Пандев, и селекторот Игор Ангеловски се чини вечерва се збогуваше од националниот тим. Неговиот договор истекува на крајот на месецов.
„Сакам да искажам благодарност до мојот стручен штаб и медицинскиот персонал, на фудбалерите, предводени од Горан Пандев, вам новинарите и на крај на моето семејство. Ова се моменти кои ќе ги паметам цел живот. Неблагодарно е сега да делам кој задоволил, а кој не. Ова се моменти кои цел живот ќе ги паметам и среќен сум што бев дел од сето ова. Ова е мојата последна прес-конференција. Мојот договор завршува на 31. јуни, и ова за мене е последен професионален ангажман“, рече Ангеловски на обраќањето на новинарите по мечот со Холандија.
Игор Ангеловски дојде на кормилото на Македонија пред 5,5 години, и успеа да ја однесе селекцијата на Европско првенство, што е најголем успех на македонскиот фудбал.
Ново на Сител
-
Апасиев: Очекуваме двоцифрен број на пратеници
-
Таравари: Ни треба нов Устав на две заедници
-
Ахмети: Уште поголема победа
-
Ковачевски: Масовна излезност на 8 мај
-
Мицкоски: СДСМ спрема црни сценарија
-
Тема на денот со Неда Малеска Сачмароска
-
Тинекс отвора уште неколку нови маркети, денеска отворен маркетот во О. Илинден
-
Во понеделник се враќа старата цена за осигурување на возилата