-->
-->
Ангеловски: Освоивме четири бода во два тешки натпревара
-->

По завршувањето натпреварот Македонија - Албанија од квалификациите за Светското првенство во Русија, селекторот Игор Ангеловски даде анализа за мечот одигран во Струмица.
-Сакам да им честитам на моите фудбалери за играта во текот на сите 90 минути. Од единствениот удар кон нашиот гол примивме гол, а ние имавме безброј шанси. Ризикувавме со уште два напаѓачи, но во фудбалот се брои кога ќе постигнеш гол, а ние дадовме само еден. Жалиме што кога имаме 21 удар кон противничкиот гол, а освоивме само бод. Најавив дека ќе го одиграме најдобриот натпревар во овие квалификации и ние тоа го направивме. Игравме против селекција која играше на последното Европското првенство, но игравме со офанзивен пристап. Освоивме четири бода од овие два тешки натпревари, сега сме на два бода од четврто место и ќе се обидеме да стигнеме барем до четвртото место. Мислам дека на крајот од овој циклус ќе освоиме повеќе бодови од претходните два циклуси заедно.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Утре надзорна расправа за Алта банка во Собрание
-

Почна расправата за Законот за јавни набавки
-

Тема на денот со Венко Филипче, претседател на СДСМ
-

Над 30 члена брои листата поканети говорници на надзорната комисија за Алта банка
-

Изгласан вториот ребаланс на буџетот
-

Трамп ја номинира адвокатката Кристи Меккормик за нова амбасадорка во Македонија
-

Нацрт-верзиите на Кривичниот Законик и Законот за кривична постапка отпатуваа за Брисел
-

До февруари „Сејф Сити“ низ цела држава – Годишно се очекуваат 10 милиони евра од казни во буџетот
