Фудбал
15. November 2020 - 19:49

Ангеловски: Остваривме значајна победа за пласман во Б-лигата

Фудбалската репрезентација на Македонија продолжува со добрите игри во Лигата на нациите и оствари нова победа. На Арената „Тоше Проески“ совладана селекцијата на Естонија со 2-1 со головите на Тричковски и Стојановски. 

 

            Уште едно солидно издание на македонската фудбалска репрезентација иако без Пандев, Барди, Адеми и Димитриевски. Естонија  сепак не се наметна како репрезентација која може да го искористи овој момент но и еуфоријата во нашиот тим по пласманот на Европското првенство.  Иако гостите ги имаа првите шанси да го отворат резултатот сепак први поентиравме ние и поведовме со 1-0 со голот на Тричковски .

         

На почетокот на вториот дел гол постигнува  Сапинен за израмнување на резултатот на 1-1 по што Македонија започнува да игра во препознатлив стил и да врши притисок.  По неколкуте убави акции нововлезениот Стојановски е на вистинското место и донесе водство од 2-1 за нашиот. Водството можеше да биде и поубедливо доколку  Ристовски, Николов и Дориев ги искористеа своите шанси.

Ова е 7-ми натпревар на нашата репрезентација без пораз на меѓународната сцена што е извонреден податок по пласманот на ЕП.

Следниот дуел е со Ерменија а Македонија за овој натпревар остана без Николов и Спировски кои заработија жолти картони па селекторот Ангеловски најави нови имиња во националниот тим.