-->
-->
Ангеловски: Очекувам да бидеме конкурентни во групата
-->
Селекторот на македонската фудбалска репрезентација Игор Ангеловски очекува подобри резултати во новиот квалификациски циклус.
- На прагот сме на нов квалификациски циклус во кој очекувам репрезентацијата на Македонија да остварува подобри резултати во однос на изминатите два циклуса. И без разлика на силата на репрезентациите во групата верувам дека овие фудбалери се подготвени и имаат квалитет да го направат тоа. Мислите ни се насочени кон натпреварот со Албанија, ме радува моменталната форма на повиканите играчи и се надевам дека во наредните денови ќе имаме мирни тренинзи, квалитетни подготовки и здрави фудбалери, изјави Ангеловски.
Предводникот на „рисовите“ ветува борбена игра на неговите избраници на секој натпревар и останување на целта за подмладување на репрезентацијата.
- Влегуваме максимално ангажирани и ќе се обидеме сето тоа да го пренесеме на теренот со цел позитивно да влеземе во квалификациите за СП. Она што го најавував и претходно, дека поголем дел од играчите од составот до 21 година ќе бидат вклучени во најдобрата селекција, се уште е мој став но пред нив се два клучни натпревари за пласман на Европско Првенство и се надевам дека ќе бидат успешни, рече селекторот на денешната прес-конференција.
На средбата со Албанија, Ангеловски нема да може да смета ниту на повредениот Александар Трајковски.
Македонија ќе и гостува на Албанија на 5 септември во Скадар.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Кац: Израел е решен да го победи Хамас во Газа, ќе дејствуваме како една тупаница
-
Пожарот во ловиштето „Јасен“ сè уште активен, одбраната на објектите на претпријатието продолжува и во текот на ноќта
-
ЕУ повика на прекин на „секоја ескалација на тензиите“ во Србија
-
Левит: САД имаат многу алатки за да помогнат во завршувањето на конфликтот во Украина
-
Трамп: Постојат 25 проценти веројатност состанокот во Енкориџ да не успее, Путин е подготвен на договор
-
ЦУК: Од вкупно 27 пожари на отворен простор, активни се шест
-
Студентите во блокада за вечерва најавија нови акции во повеќе српски градови
-
Поднесена пријава за лицето кое влечеше куче со возило