-->
-->
Ангеловски: Најдоброто допрва следува
-->
По убедливата победа од 3:0 синоќа во Вадуц над Лихтенштајн, селекторот на Македонија, Игор Ангеловски беше задоволен од резултатот. Ова за него беше прв триумф како предводник на репрезентацијата на еден официјален натпревар.
- Секако дека сум задоволен од епилогот на овој натпревар и им честитам на момците за победата и изведбата. Беше многу важно да победиме после тие несреќни порази на минатите натпревари. Игравме добро, доминиравме во текот на целиот натпревар и заслужено победивме. Нам ни фалат неколку бода, но ете со ова победа и резултатите на другите натпревари во групата доаѓаме во ситуација да се бориме за подобро место со Албанија и Израел. Ова прва победа во овие квалификации многу ни значи, а верувајте дека подобрите настапи на нашата репрезентација допрва следуваат, изјави Ангеловски по победата над Лихтенштајн.
Репрезентативците денеска се враќаат во Македонија каде ќе продолжат со тренинзите пред контролниот натпревар со Белорусија што се игра на 28 март во Скопје.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Хотелиерите очекуваат одлична туристичка сезона, исполнетоста за празниците повеќе од половина
-
Одбележување на Меѓународниот ден на трудот ширум светот
-
Денеска е Велика среда
-
ЦУК апелира до граѓаните на внимателност при палење оган на отворено
-
Меѓународниот ден на трудот ќе се одбележи со првомајски протест
-
Една недела до одржување на изборите, партиите продолжуваат со предизборните активности
-
Зградата на ЕК осветлена во чест на 20-годишнината од големото проширување на ЕУ
-
Првомајски штрајк и протести во Грција