-->
-->
Ангеловски ја заврши кариерата како играч
-->
Македонскиот ракометен репрезентативец Бранислав Ангеловски (41 година) ја заврши својата кариера како играч. Синоќа на ревијален натпревар во спортската сала „Младост“ во Битола го одигра последниот натпревар. На прошталниот натпревар настапија „пријателите на Ангеловски“ Кирил Лазаров, Миркуловски, Стоилов, Мансков и други репрезентативци, против комбиниран тим на играчи од битолските суперлигаши Пелистер и Еурофарм Работник.
- Почнав во спортска сала Младост и сакав спортската кариера да ја завршам во Битола. На секој мој натпревар најголем мотиватор беше публиката, изјави Ангеловски.
Натпреварот заврши 41:41, а го следеа околу 5.000 гледачи. Собраните средства од влезниците беа донирани за акциите за борба против рак кои ги организира здружението „Борка - Скопје“.
Ангеловски во својата кариера настапуваше за Пелистер, Вардар, Металург, Пролет, хрватскиот првак загреб, Винтертур од Швајцарија, Ал Аин - Дубаи, а последните години беше член на романските екипи Констанца и Добротеа. За репрезентацијата на Македонија има одиграно 159 натпревари.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Се гласа за Српската влада
-
Тема на денот со Иван Пешевски, ССМ
-
Масовен протест за 1 Мај: Синдикатите побараа 450 евра минимална плата од новата влада
-
Работниците креваат глас
-
Првомајската традиција продолжува
-
Охрид полн со туристи за 1 Мај
-
Експерти: Екстрадицијата на Палевски треба да се прави во најголема тајност
-
Студен туш за барањата на Максим Димитриевски - за него пак, ароганцијата на СДСМ е ненадминлива