Ангеловска за намалувањето на парите за партиите: Сите треба да понесат дел од товарот
Намалувањето на средствата за политичките партии со владина Уредба беше на предлог на Министерството за правда во чиј што буџет е наменето финансирањето на политичките партии и тоа согласно закон, изјави денеска министерката за финансии Нина Ангеловска.
– Претходно беше 0,15 проценти од вкупните приходи, но сега согласно кризата и еве консензусот од страна на сите политички партии тој процент е 0,04 проценти, или со предлог одлуката за кратење беа намалени значајни износи на средства, нешто околу 100 милиони денари се на ставката, наспроти околу повеќе од двојно коишто биле на почетокот на годината, рече Ангеловска, додавајќи дека сите треба да понесат дел од товарот.
Потсети дека за ова прашање било дискутирано уште пред неколку месеци со првата одлука за кратење, но досега не била оперативно донесено со уредба и усвоена на седница на Влада, а сега тоа е официјализирано.
Владата вчера со уредба скрати четири милиони евра на политичките партии а средствата, како што вчера соопшти владината прес-служба, ќе бидат пренаменети во буџетот за справување со последиците од пандемијата, а за политичките партии преостануваат нешто повеќе од милион евра кои ќе треба да биде распределени согласно законските прописи.
Ново на Сител
-
Израелската полиција изврши рација во Ал Џезира во Ерусалим, одзеде опрема
-
Костадиновска-Стојчевска: Македонскиот јазик е нашиот национален белег и најважниот симбол на културниот идентитет
-
Косовската полиција уапси 4-ца македонски државјани меѓу кои и кондовецот Агим Красниќи
-
Макрон го повика Нетанјаху успешно да ги заврши преговорите со Хамас
-
Димитровска: ДКСК оформи 45 предмети поврзани со изборите
-
14-годишна малолетничка од Петровец избегала од дома
-
Малолетник пријавен за насилство врз неговата мајка и брат
-
Бројот на загинати во поплавите во Кенија се искачи на 228