Ангеловска: Пред 28 години на денешен ден донесен првиот буџет на независна Република Македонија

Пред 28 години, на денешен ден, 2-ри април 1992 година, донесен е првиот буџет на независна Република Македонија. Министер за финансии бил Методија Тошевски. Првиот буџет тежел 75,9 милијарди југословенски динари или во денешна вредност, станува збор за околу 1,2 милијарди евра.
Ова го објави на својот Фејсбук профил министерката за финансии Нина Ангеловска, која додава дека во текот на овие 28 години многу нешта се промениле, од валутата до структурата на буџетот, но останала неговата намена, неговото значење за нас како самостојна и независна држава.
– Буџетот е крвотокот на државата кој го овозможува нејзиното функционирање. Затоа и го одбележуваме Денот на буџетот, наведува министерката.
Додава дека буџетот е планот со кој во добрите времиња треба да се поттикне општествениот и економски развој, додека во лошите времиња да се одговори на потребите и да се преброди кризата.
-Во моментите кога се соочуваме со еден од најголемите предизвици кој ни се случил во последните три децении, со коронакризата, која освен здравствен, стана и предизвик за економијата, за фирмите, за работните места, сакам да ви порачам дека буџетот ќе одговори на овој предизвик. Со мерките кои ги преземаме и ќе ги преземаме, клучно е да го заштитиме здравјето на граѓаните, но и да ја одржиме во живот економијата и брзо да ја ставиме на нозе, кога здравствената криза ќе помине. Ќе се избориме со ова…заедно, порачува министерката на својот Фејсбук профил.
Ново на Сител
-

ПС на Советот на Европа го затвори пост-мониторинг дијалогот со Северна Македонија – важно институционално признание за напредокот на државата
-

Хоман нареди подготовки за повлекување на агентите од Минесота
-

Трамп вели дека Путин се согласил Русија да не ја напаѓа Украина една недела
-

Андоновски: Значително зголемен бројот на услуги во Центрите за услуги, најавени и е-Киосци
-

Герасимовски: Паричната помош за новороденче во Центар се зголемува од 7 000 на 10 000 денари
-

Израел врати 15 палестински тела, подготвувајќи ја следната фаза од мировниот план
-

Николоски за изградените два километри од автопатот Скопје-Блаце кои завршуваат во провалија: Очекувам новиот обвинител да отвори истрага
-

Нов закон во Русија: Доброволна самозабрана за игри на среќа како заштита од зависност
