Ангелов: Жал ми е за настаните од 27 април, јас не сум терорист
Учеството во протестите „За заедничка Македонија” за Горанчо Ангелов од здружението „Ќосето” кој е обвинет за настаните од 27 април во Собранието, било од патриотски причини.
Ангелов пред судечкиот совет потсети на настаните од 2017 година за кои рече дека кога тргнале од „Дион“ кон Собранието вратите веќе биле отворени и влегле внатре. Имал маска која ја ставал и ја вадел, и толку бил збунет што не знаел што прави. Влегол во ходникот до прес-салата и излегол откако видел дека внатре имало „кавги“. Тој тогаш го напуштил Собранието и седнал на клупа во Жена парк. Таму му пришол Горан Бошковски и му рекол да се врати назад да му помогне на Сашо Марковски да не го нападне некој. Ангелов влегол внатре и добил задача да седи во портирницата од споредниот влез на Собранието. Додека бил таму започнала акцијата на полицијата и повторно се вратил во Жена парк. Ангелов рече дека му е жал за тоа што се случило и дека не е терорист.
Дека бил воден од срцето, а не од разумот во завршните зборови, се изјасни обвинетиот Игор Југ, кој за себе рече дека е човек кој помага на други, а никогаш за себе и за своето семејство. Рече дека е дете на комунисти, но и дека е доживотен следбеник на десното крило на ВМРО и дека негов идол е Тодор Александров. Учествувал на протестите затоа што не сакал менување на името и Уставот, а помалку па да се прават странски платформи.
Ново на Сител
-
Гори кај касарната во Ѓорче Петров, запалени куќи во Орман и Волково, ангажирани припадници на Армијата
-
Пет пожари активни на подрачјето на Град Скопје
-
Обвинителството постапува во насока за целосно испитување на причините за настанување на пожарот во Визбегово
-
Армијата ангажирана во справувањето со пожарите
-
Вајц: Предлозите за вметнување на македонскиот јазик и идентитет во Извештајот не беа грешка
-
Поради пожар затворен дел од скопската обиколница, сообраќајот кон ГП Блаце пуштен само за патнички возила
-
Пронајдено починато лице во близина на пожарот во кривопаланечко
-
Утре посвежо со пониски максимални дневни температури