Ангелов: Сликите од човечка крв и изгорено човечко месо во Вејце никогаш нема да ги заборавам
Државата е должна достојно да го одбележува споменот на загинатите херои и да помага на семејствата на загинатите, изјави денеска лидерот на движењето Достоинство, Стојанче Ангелов по одавањето почит на загинатите припадници на Армијата и на полицијата кај Вејце на 28 април 2001 година.
– На денешен ден во војната во 2001 во заседа на патот кон село Вејце, крвнички беа убиени припадници на безбедносните сили. Јас имав прилика рано утрото да дојдам на лице место, додека месото на заседата се уште мирисаше на човечка крв и на изгорено човечко месо, овие слики никогаш нема да бидат избришани од мојата свест и од свеста на сите бранители кои дојдоа и учествуваа во оваа заседа. Нека им е вечна славата на нашите загинати херои. Како држава сме должни споменот на нив да го чуваме засекогаш и ваквите денови да ги одбележуваме достојно, воедно како држава имаме обврска да помагаме на членовите на нивните семејства, изјави Ангелов.
Ново на Сител
-
Одземена лиценцата на девет угостителски објекти
-
Козметички препарати и играчки најбројни меѓу штетните производи во Европа
-
Кривична за десет полицајци во врска со пожарот во Кочани - по еден од нив се уште се трага
-
Предметот за убиството на Вања и Панче треба да се врати во фаза на истрага, вели бранителот на Видевски
-
СПМ: Никој нема право да тргува со македонскиот идентитет, со историјата и македонскиот јазик
-
МВР ги демантира објавите дека јавниот обвинител Коцевски со неговата изјава ја нарушил акцијата за приведување на полициските службеници
-
Се трага по 22 годишно момче од неготинско Тремник
-
Приведен 22-годишник, со „бмв“ возел 96 километри на час во место каде е дозволено 40