Ангелов: Пожарот на Галичица делумно под контрола, дејствуваат над 120 лица
Пожарот на планината Галичица, меѓу Охридското и Преспанското Езеро, делумно е под контрола, дејствуваат над 120 лица, информираше директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК), Стојанче Ангелов преку видео изјава.
- Пожарот што повеќе од 20 дена гори делумно на територијата на ловиштето „Јасен“, а сега еден негов крак се движи кон селото Белица, е ставен под делумна контрола, неговото горење е значително намалено, на лице место дејствуваат 70 припадници на македонската Армија, заедно со локални пожарникари, како и вработени во „Национални шуми“, а на кракот кон „Јасен“ и вработени од ловиштето, појасни Ангелов.
До 13 часот во борбата со огнените јазици, дејствувале два хеликоптера, едниот армиски, другиот полициски, како и ер тракторот на Дирекцијата за заштита и спасување.
Во текот на денешниот ден, до 16 часот, пријавени се вкупно 25 пожари на отворен простор низ државава. Во моментов, 11 се активни, шест се под контрола, а осум се изгаснати, соопштија од ЦУК.
Од 11 активни пожари во моментов, по два се во општините Долнени и Кичево. Еден е на територија на општините Охрид и Ресен, а по еден има на териториите на Дебар, Македонски Брод, Новаци, Пласница, Росоман, Чашка.
Од шесте под контрола, во три општини опожарена е мешана шума: Маврово - Ростуше, Чашка, на две места во Македонски Брод. Под контрола е и опожарената депонија во општина Делчево. Последниот пожар под контрола е на територија на општина Демир Хисар, на Илинска - Плакенска Планина, кај селата Вирово и Слоештица. Таму горела ниска вегетација.
Ново на Сител
-
Осомничениот за нападот во Магдебург дејствувал сам, соопшти полицијата
-
Рама: Тик Ток повеќе нема да постои во Република Албанија
-
Пентагон соопшти дека е убиен еден од лидерите на „Исламска држава“
-
Божиќна порака на Скопскиот бискуп и Струмичко-скопски епарх монсињор д-р Киро Стојанов
-
Претреси во Тетово и тетовско, пронајдени над 75.000 парчиња пиротехника | ФОТО
-
Анкета на МКД.мк - убедливо водство на ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски
-
Заврши санацијата и реконструкцијата на градскиот водовод во Скопје, во следните три часа се очекува нормализирање на состојбата
-
„ЕУ Обсервер“: Одложувањето на проширувањето на ЕУ ја зголемува економската нееднаквост на Балканот