Македонија
13. December 2021 - 14:39

Ангелов: Граѓаните да ја следат временската прогноза и ако се очекува снег да ги избегнуваат повисоките места

По обилните снежни врнежи во делови на земјава за време на изминатиот викенд, дефектите со електричната енергија, како и поплавите, директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК) Стојанче Ангелов упати апел до граѓаните да ја следат временската прогноза и да избегнуваат да одат на повисоките места доколку се најавени обилни врнежи на снег.

– Што се однесува до чистењето на снегот, нашите капацитети како држава се ограничени, но после 25 години, пред неколку дена првпат се набавани 15 возила со снежен плуг и солар, со што е подновен возниот парк  на ЈП за одржување на магистралните и регионални патишта.  Исто така се набавени и три машини таканаречени утоварувачи коишто се користат при чистење на снег. Дел од возилата на ЈП за одржување на патиштата се застарени, некои се расипуваат на лице место, доаѓа до дефекти и тие застануваат чистејќи го снегот, потоа таму треба да биде испратена екипа која ќе ги поправи тие возила, наведе Ангелов.

Тој додаде дека, од друга страна, граѓаните мора да бидат свесни дека ниту една дружава, па дури ни најмоќните држави на светот, не можат одеднаш да ги исчистат сите патишта, особено кога снегот постојано паѓа.

– Затоа и самите граѓани во овој зимски период треба да ја следат временската прогноза и доколку се очекуваат силни врнежи на снег да се избегнуваат повисоките места, кадешто снегот секогаш прави проблеми. Доколку било кој граѓанин на државата се најде во животнозагрозувачка состојба, од било кои причини слободно може да го побара бројот 195.Ние во согласност со нашите можности ќе преземем мерки, нагласи директорот на ЦУК.

Тој нагласи дека Центарот за управување со кризи ги прибира информациите од терен, ги обработува и ги координира надлежните субјекти, но овие информации, како то посочи, ние не ги собираме со наши сили туку на нас ни ги даваат надлежните институции.

– Конкретно околу поплавите, каде некоја вода се излеала, ние информациите ги добиваме од локалната самоуправа или од други надлежни институции. Потоа, доколку се појави некаде потреба да се интервенира, а нема интервенија од локалната самоуправа, која што можеби е надлежна или од некоја државна институција која што е надлежна, ние се јавуваме, бараме да се интервенира, координираме, правиме листа на приоритети по потреба.Од поплава штити Јавното претпријатие „Водостопанство“, кое што тогаш кога нема поплави ги чисти каналите за одводнување. Ние уште пред неколку месеци најавивме дека оваа сезона се очекуваат поплави затоа што ова е една од најсушните години во последните неколку децении. Ние предупредивме, имавме и неколку координативни состаноц и со ЈП „Водостопанство“, но и со претставници на локалната самоуправа, истакна Ангелов.

Тој додаде дека каналите коишто се надвор од урбаната зона ги чисти „Водостопанство“, а каналите коишто се урбаниот дел во самите општини се надлежност на јавните комунални претпријатија.

– Апелираме до граѓаните да ја научат лекцијата, бидејќи поради неисчистени терцијални канали на неколку места дојде до излевање на водата и водата прави големи штети и на земјоделското земјиште, но и на објектите, особено на куќите во кои што водата навлегува, потенцираше Ангелов.

Според последните информации од ЦУК, во Скопски регион, во општина Студеничани сите патни правци кои водат кон селата се проодни, додека без електирична енергија се корисниците од селата Осинчани, Малчиште, Елово и Црн Врв. Од ЕВН – Македонија известуваат дека во високонапонската мрежа поради дефект на 10 КВ далноводи без електрична енергија се: во периодот од 06.20 часот на ден 11 декември 2021 година, корисниците од селата Горно и Долно Количани, Црвена Вода, Палиград, Алдинци, Караџица, Цветово и Солунска Глава. (општина Студеничани), во периодот од 08.40 часот на ден 12 декември 2021 година, корисниците од селата Осинчани, Елово, Малчиште и Црн Врв, како и објектите во ловиштето Јасен. (општина Студеничани ) и  во периодот од 04.55 часот на ден 13 декември 2021 година, корисниците од селата Сушица, Дивље, Долно Коњари, Горно Коњари и Живиње. (општина Петровец).

Во општина Чучер Сандево проодноста на патните правци кон планинските села Танушевци, Малино и Брест се одвива отежнато само со теренски возила во зимски услови. Било расчистувано, но поради силниот ветар се прават повторни наноси од снег па може на некои места патните правци повторно да бидат непроодни.

Во  Битолски регион, според информациите на ЦУК, на подрачјето што го покрива ПОРКОА РЦУК Битола има покачување на водостоите и реките но нема опасност за нивно излевање и поплавување на површини. Сите магистрални и регионални правци на подрачјето кое го покрива ПОРКОА РЦУК Битола се проодни. Без напојување со електрична енергија се ндустриската зона Жабени и селата Букри,Лера,Кажани, Ѓавато,Маловишта,Рамна,Цапари и Доленци.

Општина Крушево-Нивото на река Црна е покачено, но на територија на општина Крушево нема опасност од излевање и поплавување. Нивото на вештачките акумулации е покачено, без опасност од излевање и поплавување. Електроснабдувањето на градот и селата од долното подрачје се без прекин во снабдувањето со истата.

Селата од горниот регион Арилево, Долно и Горно Дивјвјаци, како и с.Пуста Река заради падната бандера во с.Горно Дивјаци се со прекин и истиот трае 3 дена. За овој проблем пријавено е од страна на жителите на с.Горно Дивјаци до ЕВН, но сеуште не е интервенирано. Сите регионални и локални патни правци на територија на општина Крушево се исчистени и проодни за сите видови на сообраќај , со наместа остатоци од кашест снег на коловозите.

Во Општина Ресен нивото на водотеците е зголемено но нема опасност од прелевање и поплавување. Сите локални патни правци се проодни. Во моментот без напојување на електрична енергија се следните населени места: Езерани, Болно, Евла, Горно Дупени, репетитор Томорос, Лескоец. Екипите ЕВН работаат на отстранување на дефектите.  Сите патни правци се проодни

Во Општина Демир Хисар патниот правец за с.Зашле поради врнежи од снег е тешко прооден и ќе се чисти од страна на ЈКП „Комуналец“. Поради настанати оштетувања на Р 29371 -регионален патен правец крак за с.Боишта кој што е од IV категорија-земјен пат не е прооден. Без напојување со електрична енергија е с.Зашле.

Во Општина Прилеп, Долнени, Кривогаштани- Врз основа на извршените телефонски разговори со надлежните од субјектите следи:На територијата на ПО РЦУК Прилеп, нема прекини на електричната енергија, нема пријави ниту дојави за поплавени објекти ниту излевање на водотеци. Снег има наврнато само околу 5 сантиметри, единствен проблем е со механизацијата од Македонија Пат, поради дефект на камионите и во случај на поголеми снежни врнежи од снег, веќе тогаш се очекуваат да има поголеми проблеми.

Во Струмичкиот регион, во Општина Струмица- Патниот правец Струмица-Валандово е исчистен. Се упатуваат на патот Струмица- Берово како приоритетни. На патот Мокрино -Смоларе каде има наноси ќе се излезе подоцна. Акумулациите се полу празни нема опасност од излевање. Излевање има на р.Струмица кај с.Босилово кај ф-ка Паралидови. Поплавено околу 10 ha. Денеска нема да се интервенира ќе се чека да се повлече водата за да се пристапи со механизација.

Во с.Банско е расчистено со суводолицата. Се чистат локалните патишта и улиците во Струмица од снег.

Општина Василево- Нема пријави за излевање на реки и порои. Се расчистува снегот по локалните патишта.

Општина Босилово- р.Турија во с.Турново се има излеано. Пратен е багер ако може да интервенира, ако не ќе се чека да се повлече водата. Друга машина ќе се ангажира за расчистување на снегот.

Општина Ново Село -Излезени на терен со кипови и трактори за расчистување на снегот и наносите. Воедно ЕЛС Ново Село ќе ги исчисти патот А-4 Ново Село граничен премин, и регионалниот пат Р-604.

Општина Валандово – На подрачјето РЦУК Валандово врнежите од дожд се минимални и засега нема можности од поплавување. Врнежите од снег се на повисоките места. Сите регионални и локални патишта се проодни и нема застој во сообраќајот. Снабдувањето со електрична енергија е редовно и досега не е регистриран некој дефект. Исто така и снабдувањето со вода за пиење е редовно.

Општина Радовиш -Конче- Од -ЕЛС Радовиш патиштата се проодни, но движењето е отежнато. Тешко прооден е патниот правец Прналија – Супурге, каде има појава на голомразица. Состојбата со водопоилото во с.Злеово е следна : круната е пробиена и од него истекува вода. Вентилот за испуштање на водата е во функција. Доколку дозволат условите истото ќе биде санирано.

Општина Конче- Од ЕЛС Конче патиштата се проодни, но движењето е отежнато во зимски услови. Екипа на ЕЛС е постојано на терен за чистење на патните правци. Состојбата со двете есера Конче 1 и Конче 3 е редовна.

Општина Гевгелија ,Богданци ,Дојран- Состојбата на подрачјето на ПО РЦУК Гевгелија со снабдување со електрична енергија, вода и други потреби е добра.

Во Охридскиот регион, во општина Охрид сите патни правци се проодни, нема прекини во електро снабдувањето.

Во општина Дебрца патните правци се проодни во зимски услови, има прекин во електроснабдувањето во селата Лактиње, Годивје, Врбјани, Арбиново, Сливово, Турје и Мраморец. Екипи на ЕВН се на терен и работаат на нормализирање на состојбата.

Во општина Дебар и Центар Жупа патните правци се проодни, пробиен е и патниот правец за Лазарополе, нема проблеми во електро снабдувањето.

Во Општина Кичево состојбата по обилните врнежи од снег полека се нормализира бидејќи снегот постепено се топи. Према дел од населените места кои се на поголема надморска висина движењето со моторни возила се уште е отежнато и до истите може да се стигне со теренски возила со зимска опрема.

Проблем претставува расчистувањето на снегот од населените места од јужниот дел на општината (поранешни општини Другово и Вранештица) бидејќи е поништена тендерската постапка за избор на оператор за чистење на патиштата до овие населени места.Општината проблемот го решава со ангажирање на операторите кои се избрани за расчистување на патиштата од населените места од северниот дел од општината.Во градот состојбата е нормализирана, но поради остатоци од снег на одделни делови потребно е внимателно возење.До населените места кои припаѓаат на севернииот дел од општината (поранешни општина Зајас и Осломеј) патиштата се очистени.

Пријава за немање на струја во селата: Крушица,Орланци ,Козичино, Патец, Црско, Велмевци, Прострање, Цер,  Попоец, Иванчишта, Ехлоец и Малкоец.

Поради релативно високите дневни температури и наглото топење на снег нивоата на сите водотеци се зголемени. До овој момент нема добиено пријава за излевања на реките и останите водотоци на подрачјето на општина Кичево.

Во Општина Струга не е прооден патниот правец во селата од Малесијата, исто така спрема кажувањето на жител од с.Дренок патот е исчистен на околу 600-700 м. до пред селото додека од ЛС Стуга велат дека е очистен до селото. Исто така во с.Дренок нема струја неколку дена, нема струја и во селата Октиси, Подгорци, Лабуништа, Вишни, Пискупштина, Нерези, Мислодежда и во селата во Малесијата. Екипеи на ЕВН се на терен и работаат на нормализирање на состојбата.

Во Општина М.Брод сообраќајот се одвива редовно без ограничувања, освен во повисоките населени места во општина Македонски Брод каде сообраќајот се одвива со теренски возила.

Регионалните патни правци на територијата која ја покрива ПО РЦУК Македонски Брод се проодни за сите видови на возила.

На територијата на ПО РЦУК Македонски Брод има прекини во снабдувањето со електрична енергија на селата во Самоковскиот регион (Волче,Заград, Битово, Растеш, Требовље, Звечан, Бенче, Косово, Брест, Зркле,Инче, Ковче, Рамне, Лупште, Белица, Брезница, Тажево, Томино Село, Тополница, Модришта, Вир и Црешнево). Прекинот е настанат поради скинати жици на 2 далеководи од тежината на снегот кој врнеше во изминативе денови. Екипи од ЕВН подружница Кичево моментално се на терен и работат на одстранување на настанатите дефекти.

Во Тетовскиот регион, во ОпштинаТетово Без електрична енергија се деловите на Тетово – Шипковица, Вејце, Бродец, Вешала, Бозовце, Селце, Пена, Тетово- с.Лавце, Кале. Патот Тетово -Попова Шапка е прооден. ЈКП ТЕТОВО Апелира до граѓаните да ги остранат автомобилите од коловозите и патиштата бидејки се бариера за расчистувањето на снегот.

Во Општина Маврово и Ростуше сите патни правци се проодни, моментално се чисти во с.Врбјани. Снабдувањето со електрична енергија е редовна освен во селата , Трница, Церово,Сретково се без напојување со електрична енергија .

Патниот правец Чегран-Корито не е исчистен. Во Општина Гостивар патот кон Митрој Крсти се очечува денес да биде исчистен.

Снабдувањето со електрична енергија е редовна, освен во с.Корито, Железна Река, Трајане и Пожаране кои се без Електрична енергија.

Во Велешкиот регион,зимската служба за одржување на улици и патишта во општина Кавадарци со 1 камион интервенира на патниот правец Ладно Долче – Страгово – Бохола. Во текот на денот со 1 камион се интервенира на патниот правец кон село Бојанчиште и Михајлово.

ЈП Комуналец Кавадарци Поради намален доток и заматување на водата од изворите од регионалниот водоснабдителен систем Лукар водоснабдувањето во градот се одвива со прекини и со намалување на притисокот во мрежата. Прекини во водоснабдувањето ќе има во високите зони на градот, како и до околните места кои се снабдуваат од овој систем.

Поради врнежите од дожд и снег на изворот Лукар , има заматување на водата за пиење во Неготино и намален доток на вода. Испратени се екипи за чистење на филтрите и решетките на Лукар 1 и 2 заради нормализирање на протокот на водата за пиење.

Во Штипскиот регион, во Општина Штип-Карбинци од надојдените води на р.Брегалница предизвикано е отштетување на мостот кај с.Долни Балван. Се препорачува забрана за сообракај на тешки товарни возила по истиот.

Поради тешката проодност на патните правци кон селата Оџалија , Прналија и Кучица. Испратени се екипи на „Македонија пат“ за расчистување на истите.

Во Општина Виницa- Во с.Градец паднат електричен столб (известена ЕВН) и паднат мост на Градечка река. Реката не е излеана од речното корито.

Зрновска река е излеана при самиот влив во река Брегалница во земјоделските површини (ожнеани оризови ниви).

Без напојување со електрична енергија се населените места Нивичани, Пантелеј и Рајчани во општина Кочани и Теранци во општина Чешиново – Облешево.

Во Кумановскиот регион, во Општина Крива Паланка снежната покривка во градот Крива Паланка е 11 см снег и во моментот нема врнежи.

На местата на поголема надморска височина снежната покривка е поголема.

Маг. пат Ранковце-Кр.Паланка е прооден , по влажен коловоз. Рег. пат Ранковце-Герман е прооден само со теренско возило. Рег. пат Ранковце -Ветуница е прооден , по влажен коловоз. Локалните патишта во опш.Ранковце се проодни по влажни коловози. Маг. пат Кр.Паланка-Деве Баир е прооден, по влажен коловоз. Рег. пат Кр.Паланка- с.Огут е прооден , по влажен коловоз. Рег. пат Кр.Паланка- с.Луке е прооден , во моментот се чисти патот со едно возило-камион. Локален земјен пат с.Дурачка река-Дренак е непрооден, поради висина на снег. Локалните патишта во опш.Кр.Паланк се проодни, по влажни коловози. На локален пат с.Огут -с.Нерав во моментот е пратена механизација за расчистување на патот од страна ЛС Кр.Паланка.

На територија на Кр.Паланка во с.Т“лминци има излевање на Крива река , од десен брег 12 м. Ширина .Работено е на санирање сабота и недела и делумно е санирано .Денеска се продолжува со работа.

На територија на општина Ранковце во с.Псача на место викано стара брашнара водите од Крива река се прелеани преку пешачки мост (нема отсечени куки, мостот е од шасија и е изграден од месното население,

Во Општина Кратово во планинскиот дел кон селата Близанци, Мушково до Каврак, патот е со снежна покривка која изнесува од 10 до 50 цм. Патниот правец е тешко проден, само со теренски возила со зимска опрема. По излевањето на реката во с..Куклица кај база на Гранит, водата е повлечена во коритото и водотекот е нормализиран.