Ангела Меркел мечтае да води телевизиска емисија
Германската канцеларка Ангела Меркел, која за дваесетина дена ќе се обиде да добие четврти мандат како шеф на федералната Влада во Берлин, има тајна желба да води телевизиско „ток шоу“.
Во интервју за весникот „Рајниште пост“ кое ќе биде објавено утре 63-годишната канцеларка изјави дека „освен да бидам канцелар би сакала да можам да го направам тоа, да водам ток шоу“.
Меркел во својата кариера имала огромен број јавни настапи на кои што држела говори или водела дебати за актуелни прашања, а во текот на кампањата за изборите што ќе се одржат на 24 септември таа има по пет и повеќе говори пред приврзаници на нејзината партија ЦДУ.
На веб сајтот на нејзината Влада таа редовно објавува видео пораки за најжешките теми во германската политика.
В недела Меркел ќе го има својот најважен ТВ настап во оваа кампања, во кој на телевизија ќе дебатира со својот ривал Мартин Шулц, кој е кандидат за канцелар на Социјал-Демократската партија.
За „Рајнише пост“ Меркел вели дека немала време да ги гледа предходните ТВ дебати, но дека за дебатата со Шулц ќе се подготвува со читање. Очекува неделната дебата да ја гледаат милиони Германци.
Според анкетите на агенциите за истражување на јавното мислење приближно половината од 61,5 милиони Германци со право на глас ќе ја гледаат дебатата меѓу двајцата главни кандидати за германски канцелар. Околу 66 проценти од гласачите очекуваат во дебатата да победи Меркел, а само 17 проценти очекуваат победа подобро претставување на Шулц.
Ново на Сител
-
Вања била убиена клечејќи на колена со еден куршум во глава одзади грб, грозоморни детали
-
Едно дете загина при нападот со нож во училиште во Загреб
-
Во Основниот суд Куманово одложено судењето против Вангелица Илијевска, обвинета за убиство на сопругот и свекорот во Кратово
-
„Студентски отпор“: Ако не се врати бесплатниот превоз веднаш, студентите ќе излезат на улиците
-
АД ЕСМ: Два термоблока во РЕК Битола исклучени од мрежа, во тек се операции за вклучување на ТЕ Битола 1
-
МВР потсетува: Oд 01.01.2025 задолжителна ознака НМК на регистерските таблички
-
Распустот за основците и средношколците во Србија од 24 декември до 20 јануари
-
ВЛЕН: Со ДУИ нон грата, здраството беше во „клиничка смрт“