Анџелина Џоли ќе снима воена драма за Камбоџа
Анџелина Џоли заедно со медиумскиот провајдер „Нетфликс“ ќе снима филм според книгата на писателката Лунг Унг - „Прво ги убија татко ми: Сеќавање на ќерката на Камбоџа“.
Филмот, кој ќе се базира на мемоарите Унг за нејзиниот живот во текот на режимот на Црвените Кмери во Камбоџа додека била дете, се очекува да биде достапен на сервисот „Нетфликс“ кон крајот на 2016 година.
Актерка и режисерка, Анџелина Џоли, која заедно со авторката од Камбоџа ќе го напишат сценариото за филмот, изјави дека овие сечавања ги разбудиле чувствуата за нејзиното разбирање како децата ја доживуваат војната.
Џоли вели дека тоа и помага да ја зајакне својата врска со Камбоџа, каде што е роден нејзиниот син Медокс.
Познатата актерка неодамна го режираше филмот „Unbroken“, во кој се зборува за Луис Замперини, олимписки тркач кој бил заробен од Јапонците во текот на Втората светска војна, и „By the Sea“ каде глуми со нејзиниот сопруг Бред Пит.
Ново на Сител
-
Обвинители вршат надзор во обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција
-
Тошковски: Барањето за моја интерпелација е обид за манипулација
-
Инфраструктурното поврзување на туристичките локалитети руралните средини приоритет за развој на Југоисточниот регион
-
Преглед на вестите од свет
-
Мицкоски во Брисел
-
Тема на денот со Васко Наумовски, поранешен вице премиер за евроинтеграции
-
Бишев: Или подоцна во пензија или повисоки даноци
-
Родители бојкотираат настава во основното училиште “11 октомври”