Андреас Трајковски постави нов македонски рекорд во скок во далечина на отворено
Андреас Трајковски, член на АК Работнички и репрезентативец на Македонија, вчера на меѓународен атлетски митинг во Лимасол (Кипар) го собори македонскиот рекорд во скок во далечина на отворено со резултат од 7 метри и 41
сантиметар.
Досегашниот Македонски рекорд на отворено во скок во далечина изнесуваше 7 метри и 15 сантиметри, кој беше во сопственост на тројца атлетичари, Зоран Тасевски, Тони Дамчевски и Славчо Мирчевски. Андреас со овој скок го освои 5-то место на митингот.
Прв беше Олимпискиот шампион и Светски првак во сала Милтиадис Тентоглу од Грција со скок од 8 метри и 28 сантиметри, втор беше Рејнод Баниго од Велика Британија со 8.04
метри, додека третото место му припадна на Мохамад Амин Алсалами од Сирија со скок од 7.56 метри.
Ова беше прв натпревар за Андреас сезонава на отворено во скок во далечина, а веќе следната недела го очекува нов настап на меѓународна сцена, на атлетски митинг во Солун (Грција).
Ново на Сител
-
Мареј нов тренер на Ѓоковиќ
-
Ердоган ги поздрави налозите за апсење на Меѓународниот кривичен суд против Нетанјаху и Галант
-
Блатер за ФИФА: Создадов чудовиште
-
Едно лице повредено во престрелка во Арачиново, вмешан и Шенки Версаче
-
Тројца уапсени по расистички навреди кон Ламин Јамал
-
ОЈО Тетово поведе истражна постапка против 51-годишник, поради оружје и муниција
-
Уапсен 65 годишен струмичанец, поради пронајдена дрога
-
Неверојатниот Кејн собори рекорд во Бундеслигата