Македонија
12. May 2022 - 23:17

Андреа не се пласираше во финалето на Евровизија

Македонија не успеа да се пласира во финалето на Евровизија.

Нашата претставничка Андреа со нејзината нумера „Circles“ вечерва во второто полуфинале пееше 11та по ред од вкупно 18 натпреварувачи. 

Во финалето кое ќе се одржи во сабота (14.05) вечерва се пласираа: Белгија, Чешка, Азербејџан, Полска, Финска, Естонија, Австралија, Шведска, Романија и Србија.