Андоновски од министерскиот состанок со Европската комисија: „Роаминг како дома“ е реална европска придобивка за граѓаните

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, денеска учествуваше на министерски состанок помеѓу Европската комисија и министрите од Западен Балкан, посветен на иницијативата „Роаминг како дома“. Очекувањето на Министерството за дигитална транформација, како што рекол Андоновски, се по добивањето на мислењето за предложената правна рамка, преговорите да продолжат без одложување, во дух на транспарентност, партнерство и заедничка посветеност.
На состанокот, кој се одржал преку видеоконференциска врска, се разговарало за главните елементи на преговарачката рамка, следните чекори во процесот и подготвеноста на земјите од Западен Балкан за пристапување кон режимот што треба да овозможи користење мобилни услуги во Европската Унија под услови како дома, инфорира прес-службата на Министерството за дигитална трансформација.
Министерот Андоновски истакнал дека за Владата на Република Македонија и Министерството за дигитална трансформација овој процес е од највисок приоритет.
- Роаминг како дома не го гледаме само како процес на усогласување на регулативата, туку како конкретна и многу видлива придобивка за нашите граѓани, бизниси, студенти, туристи и за пошироката економија. Нашата цел е јасна: да ја доближиме Македонија до дигиталниот единствен пазар на Европската Унија, да ги намалиме бариерите за нашите граѓани и компании и да обезбедиме придобивките од европската интеграција да се чувствуваат на практичен и директен начин - порачал министерот Андоновски.
Тој нагласил дека „Роаминг како дома“ има и практично и стратешко значење за државата. Практично, оваа иницијатива ќе значи пониски трошоци за граѓаните и компаниите, подобра поврзаност, полесна комуникација, патување и економска размена. Стратешки, таа претставува уште еден чекор кон интеграција во дигиталниот единствен пазар на Европската Унија и кон остварување опипливи придобивки од процесот на европска интеграција.
Андоновски информирал дека Министерството за дигитална трансформација уште во август 2025 година подготви сеопфатен Акциски план, со кој беа дефинирани потребните чекори, институционалните одговорности и временската рамка за усогласување на националната рамка со релевантното acquis на Европската Унија во областа на роамингот и електронските комуникации.
Врз основа на извршените детални анализи, работната група подготви сеопфатен пакет, кој се состои од нацрт-закон за изменување на Законот за електронски комуникации, како и пет подзаконски акти од кои два правилници и три одлуки.
- Успешната имплементација на режимот ‘Roam Like at Home’ не бара само правно усогласување, туку и практична подготвеност и конструктивна соработка со телекомуникацискиот сектор. Затоа сите коментари беа внимателно разгледани како дел од подготовката на конечниот текст - посочил Андоновски.
По јавната консултација, Владата го утврди текстот на предложениот пакет, и на крајот на февруари го достави на мислење до службите на Европската комисија. Министерството очекува потврда за нивото на усогласеност на предложеното законодавство, што ќе овозможи процесот да продолжи во следната фаза и да се интензивираат преговорите. Министерството формираше и посебна работна група за преговорите, со цел да се обезбеди институционален континуитет, координација и подготвеност за следните чекори.
- Македонија постигна значителен напредок за релативно краток временски период. Подготвивме Акционен план, ги формиравме потребните работни групи, завршивме четири детални анализи, подготвивме законодавен и регулаторен пакет, спроведовме јавни консултации, целосно ги вклучивме операторите, ги разгледавме добиените коментари и го доставивме пакетот за мислење. Ова ја покажува нашата силна политичка волја, институционална посветеност и техничка подготвеност да го движиме процесот напред - нагласи министерот Андоновски.
Од Министерството за дигитална трансформација потенцираат дека остануваат целосно посветено на следните чекори и на продолжување на тесната соработка со Европската комисија и со сите релевантни партнери. - Очекувањето е, по добивањето на мислењето за предложената правна рамка, преговорите да продолжат без одложување, во дух на транспарентност, партнерство и заедничка посветеност. „Роаминг како дома“ е конкретна европска придобивка што граѓаните ќе ја почувствуваат директно преку помали трошоци, полесна комуникација, подобра поврзаност и повеќе можности за граѓаните и бизнисите - велат од МДТ.
МИА
Ново на Сител
-

Трамп: Проблемот во Франција не се училиштата, туку исламот кој сака да ја преземе власта
-

Неофицијално: Вечерва во Прилеп уапсен виш јавен обвинител
-

Несовесни студенти го поплавиле реновираниот студентски дом „Стив Наумов“
-

Обвинителството побара доживотен затвор за серискиот убиец од Старо Нагоричане
-

21-годишен скoпјaнeц привeден oткако со мотoцикл удрил во пoлициски службeник
-

Груби на 13 октомври излегува од куќен притвор, нуди гаранција од 335.707 евра за укинување на дополнителната мерка на претпазливост
-

Мицкоски: Починати и иселени лица примале државна помош – откриени над 4.500 фиктивни корисници
-

77-гoдишен пeшaк починал откако бил удрен со патничко возило - возачот го напуштил местото
