Андоновски: Нов Центар за услуги за граѓаните на Кочани, се олеснува пристапот до услугите на институциите

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, денеска е во работна посета на Општина Кочани, каде што заедно со градоначалникот Влатко Грозданов го промовираше новиот Центар за услуги – ЕТУ Кочани. Со отворањето на центарот, жителите на Кочани и околината добиваат можност на едно место да пристапат до електронските услуги и да добијат поддршка при нивното користење.
Во изјава за медиумите, Андоновски ја истакна важноста на приближувањето на дигиталните услуги до граѓаните, особено до оние на кои им е потребна помош при поднесувањето електронски барања.
- Со овој Центар за услуги им го олеснуваме пристапот на граѓаните на Кочани до услугите на институциите. Овде ќе можат да добијат помош за користење на Националниот портал uslugi.gov.mk, да поднесат барање за потребниот документ и полесно да ги завршат своите административни обврски. Нашата цел е дигитализацијата да биде достапна за секого и да носи конкретни придобивки во секојдневниот живот - истакна Андоновски.
Преку новиот центар, граѓаните ќе имаат пристап до електронските услуги достапни на Националниот портал uslugi.gov.mk, меѓу кои се издавање извод од матичната книга на родените, документи од казнената и кривичната евиденција, како и услуги од Агенцијата за катастар на недвижности, Фондот на ПИОМ и други институции.
Министерот им се заблагодари на градоначалникот Грозданов и на Советот на Општина Кочани за поддршката и соработката во реализацијата на проектот, нагласувајќи дека заедничкиот ангажман на централната и локалната власт е значаен за подобрување на услугите за граѓаните.
- По бесплатните Wi-Fi зони што ги доби Кочани, денес реализираме уште едно ветување кон граѓаните. Благодарност до градоначалникот и до Советот на Општината што ја препознаа важноста на овој проект и придонесоа за неговата реализација. Со ваква соработка создаваме услови граѓаните побрзо и поедноставно да доаѓаат до услугите што им се потребни - посочи Андоновски.
Градоначалникот Влатко Грозданов му се заблагодари на министерот Андоновски за соработката и за исполнувањето на ветувањата кон граѓаните на Општина Кочани, истакнувајќи го значењето на новиот центар за жителите на општината и околината.
Во рамки на работната посета, предвидено е министерот Андоновски да оствари средби и со претставници на компании од ИТ-секторот, како и со членовите на СТЕМ-клубот за роботика од Кочани.
МИА
Ново на Сител
-

Teма на денот со Стојанче Ангелов
-

Експертите сугерираат: Да не се кратат капиталните расходи, да се зголеми наплатата на приходи
-

Проф. Атанасовски: Тоа не се коски на цар Самуил, па глупост е дека тој се враќа во Бугарија, кога таму никогаш и не бил
-

МПЦ слави празник на сите македонски светители и 40 години јубилеј од Архиерејската служба на поглаварот г.г Стефан
-

„Розев пикник појадок“ за кревање на свеста за ракот на дојка
-

Постојаните осцилации на езерото негативни за живиот свет
-

165 шумски пожари годинава, штетите проценети на 10 милиони евра
-

Каранфилова Пановска: Бараме дополнителни 10 денари за килограм ориз
