Андоновски: Националниот дата центар ќе биде со мала инсталирана моќност и ќе служи исклучиво за потребите на државата

Националниот дата центар којшто сакаме да го изградиме нема да биде со хипер големина, туку се работи за мал дата центар со помалку од еден мегават инсталирана моќност којшто ќе служи исклучиво за потребите на државата - изјави вечерва министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски.
Според Андоновски, на државата и треба ваков мал дата центар каде ќе бидат сместени 20-тината дата центри коишто сега се распоредени низ целата држава. Со тоа ќе се обезбеди повисоко ниво на заштита на податоците и ќе се создаде основа за развој на нови дигитални услуги и технологии.
-Не зборуваме за дата центар од хипер големина од 50 до 100 мегавати како што се комерцијалните дата центри што се градат во светот, туку за мал дата центар од помалку од еден мегават инсталирана моќност. Максимум што ќе може да стигне до 20 -25 години ќе биде пет мегавати моќност. Тоа е еден микро центар којшто служи за потребите на државата и на граѓаните, нема да служи за милиони корисници, ниту за светски провајдери, ниту ќе го издаваме на приватниот сектор - изјави Андоновски вечерва за централниот дневник на телевизија Сител.
Најавува дека ќе биде изработен елаборат за животна средина и анализа за општественото влијание. Планирано е да биде изграден за 24 месеци, но во моментот се работи за обезбедување на финансиската конструкција и на наоѓањето на локација.
-Проектот во својата прва фаза би чинел околу 20 милиони евра. Средствата кои ќе ги обезбедиме преку Планот за раст и реформската агенда, 30 проценти грант, а за 70 проценти ќе бараме поволно финансирање од страна на меѓународни партнери што е значително помалку отколку да се грижиме за 20 помали дата центри. Планираме тој да се грее и лади со најмодерните системи за греење и ладење. Техничките детали ќе им бидат познати на граѓаните - изјави Андоновски.
Во однос на мигрирањето на постоечките системи во националниот дата центар, Андоновски појасни дека тоа нема да се случи преку ноќ туку дека најпрво ќе мигрираат државните критични системи и оние кои сега се чуваат во несоодветни услови, а потоа сукцесивно и сите останати.
-Нема да се случи да ги изгасиме сите во петок и во понеделеник да почнат да работат. Системите ќе мигрираат еден по еден, предност ќе имаат државните критични системи - платформата за интероперабилност, порталот за услуги... Правиме план за миграција. Институциите кои имаат системи што ги чуваат на најнесодветен начин или се наоѓаат во просторија со несоодвети услови, ќе мигрираат први - рече Андоновски.
МИА
Ново на Сител
-

Ново предупредување од опасност од поплави во Непал
-

Висоцки: Во руските напади уништени се 90 проценти од логистиката на малопродажните синџири за храна во Украина
-

Велковски: Пензиите ќе се зголемат за 3 до 3,5 проценти, конечниот износ ќе се знае следната недела
-

Трамп му објави војна на „одвратниот монопол“ на американските преработувачи на храна
-

ЦУК: Осум активни пожари, три под контрола
-

Работник на телекомуникациска компанија паднал од бандера и починал во Елшани
-

Приведена 23-годишна жена во Македонска Каменица – ја нападнала свекрвата, па фрлила нож кон свекорот
-

Венецуелка нападната во апартман во Скопје, напаѓачот ѝ одзел два телефона
