Андоновска: Разрешувањето на 33-ца директори од здравствени институции е непрофесионален и неодговорен пристап на СДС

ВМРО-ДПМНЕ денеска обвини дека неспособниот СДС и неодговорното Министерството за здравство се најголема опасност по животите и здравјето на граѓаните.
Марија Андоновска на прес-конференција истакна дека последната одлука за која денес дозна јавноста со која биле разрешени 33-ца директори на клиники, болници и здравствени домови е удар врз целокупниот здравствен систем во државата.
- Триесет и тројца директори се разрешени без основ и целосно спротивно на законот, што говори дека не е направено врз некој вредносен систем или било какви критериуми, туку само врз основа на реваншизам и слепа омраза од страна на власта. Оваа одлука ќе предизвика дисторзија на целиот здравствен систем и ќе доведе до намалување на капацитетите на овие здравствени установи, а со тоа и директна штета на граѓаните, наведе Андоновска.
Предупреди дека ваков потег може да има несогледливи последици и штети, бидејќи професионалните капацитети и функционалноста на елементите од здравствениот систем се директно под удар.
- Несомнено Министерството за здравство се претвора во министерство за скандали, негрижа и неодговорнсот. Откако го разрешија директорот на кардиологија докажаниот и реномиран експерт од таа област Сашко Кедев, откако им се случи епидемија од најслаб облик хеморагична треска со две човечки жртви, за само 50 дена гледаме уште еден огромен скандал од ова Министерство, истакна Андоновска.
Според на денешното разрешување на 33-ца директори е крајно непрофесионален и неодговорен пристап во здравството кој го руши целиот концепт на здравствена заштита и грижа за здравјето и животите на граѓаните. - За жал, рече, последиците од ова допрва ќе следат и ние предупредуваме дека ако не сопре бруталната партизација која ја спроведува СДС со коалиционите партнери тие ќе бидат навистина катастрофални.
Посочи дека за целокупната негрижа, неодговорност и неспособност на СДС набрзо ќе следи политичка одговорност.
Ново на Сител
-

Трамп: Иран е принуден да попушти под притисокот на американските и израелските напади
-

Мицкоски: Нафта има, граѓаните треба да бидат спокојни, Владата веднаш ќе интервенира ако има драматичен скок на цената
-

Мицкоски: Нема силна економија без силни универзитети, нема модерна држава без образовани и мотивирани млади луѓе
-

На Меѓународниот аеродром Скопје откриени непријавени 150 илјади британски фунти
-

Седум години Ивана била тепана, малтретирана и навредувана од Стојанче, на денот на самоубиството се заканил дека ќе ја убие
-

Ѓорѓиевски: Околу три милиони евра ќе предвиди Градот Скопје во првата фаза за изградба на монтажни паркинзи, приоритет ќе имаат двата паркинга на Клинички
-

Експлозии и сирени за воздушна тревога во Ерусалим
-

Посебен режим на сообраќај во Скопје утре поради протестен марш по повод меѓународниот ден на жената
