Анчелоти: За Бразил да го освои Светското првенство, ни треба талент и треба добро да се браниме

Селекторот на бразилската фудбалска репрезентација, Карло Анчелоти, верува дека тимот треба да се подобри во одбраната.
– Очигледно треба да се подобриме. Имаме јасна идеја што сакаме да направиме на Светското првенство. Треба да останеме смирени и собрани, бидејќи целиот тренерски персонал и Бразилската фудбалска конфедерација се убедени дека сме на вистинскиот пат и на вистинското место. Мислам дека досега завршивме добра работа. Во добра фаза сме од ова патување. Ќе бидеме подготвени за најважните натпревари на Светското првенство.
За Бразил да го освои Светското првенство, ни треба талент – а го имаме – и треба добро да се браниме. Нема друг начин. Не сум убеден дека само напаѓачката игра е доволна, рече италијанскиот тренер на прес-конференција.
На Светското првенство во 2026 година, Бразил ќе игра во групата Ц против Мароко, Хаити и Шкотска.
МИА
Ново на Сител
-

Два случаи на Западнонилска треска потврдени на инфективната клиника
-

Саботна средба за Изборниот законик
-

Анкета: ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски со убедливо водство по две години на власт
-

Кој ќе биде нов секретар за државно владеење
-

Нов случај на врсничко насилство, прободено 12 годишно момче
-

Пожарите изгаснати, штетите огромни
-

Расправа за ребалансот
-

Над 5.000 граѓани се пријавиле за мерката самовработување, во Прилеп досега пријавени 316
