Анчелоти: На Реал му недостасуваше постојаност во текот на сезоната
Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти одговори на прашање што му недостигаше на тимот во сезоната 2022/23.
-Не ни недостигаше конкурентност во лигата. Имавме посилен состав од минатата сезона, но ни недостигаше стабилност. Тоа беше многу тешка сезона: Суперкупот на Шпанија во јануари, Светското првенство. Во февруари, борбата за шампионската титула. Сето ова не чинеше бодови во лигата. Сезоната беше добра и убеден сум дека следната година ќе биде подобра. Сега ќе се вратиме на 10 јули со уште поголема мотивација, ентузијазам и желба, изјави Анчелоти, цитиран од клупскиот сајт.
Италијанскиот фудбалски стручњак претходно потврди дека ќе остане во клубот и следната сезона.
Реал Мадрид заврши на второто место со 78 бодови. Победник во Ла Лига беше Барселона со 88 бодови.
Во Лигата на шампионите, избраниците на Анчелоти стигнаа до полуфиналето каде загубија од Манчестер сити (1:1, 0:4).
Ново на Сител
-
Арагчи: Доколку Израел ја запре агресијата, Иран нема да одговори со напади
-
Влада: Над 9 милијарди денари за земјоделците
-
Регистриран земјотрес со епицентар во Албанија
-
Почнува судењето против таткото на Васил Јованов за „предизвикување општа опасност“
-
Барселона во август се враќа на „Камп Ноу“
-
Трамп: Израел и Иран се согласија на апсолутен прекин на огнот
-
Сончево и топло до 38 степени
-
Американските сили објавија видео од Б-2А авионите пред нападот врз Иран