-->
-->
Анастасиадис: Трагична е ситуацијата со пожарот на Кипар
-->

Претседателот на Република Кипар, Никос Анастасиадис ја оквалификува како „трагична“ ситуацијата во северозападниот дел од островот заради пожарот кој веќе втор ден беснее и уништи досега над 15 квадратни километри горски масиви, јавуваат кипарски медиуми.
За гаснењето на огнената стихија е објавена досега најголема мобилизација на цивилни и воени сили на островот.
По денешниот состанок со кризниот штаб, кипарскиот претседател рече дека станува збор за „навистина трагична ситуација“.
Во гаснењето на пожарот се ангажирани 314 пожарникари со 56 возила, авиони и хеликоптери на кипарските цивилни и вооружени сили како и од Грција. Помош е побарана од Израел, а од британската ВВБ на островот се испратени два хеликоптера.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Тема на денот со Весна Јаневска, министерка за орбазование и наука
-

Протестите сè поизвесни – превозниците бараат решение за престојот во Шенген
-

Војната на Блискиот Исток и инфлацијата го намалија бројот на туристи во земјава
-

Утре ќе се знае дали гостиварци ќе добијат питка вода
-

Дете од година и пол нападнато и искасано од куче во Шуто Оризари
-

Загрижува тоа што насилството станува се побрутално
-

Августовски испитен рок за матура утре и во петок
-

Ахмети: Јас побарав Груби да се врати и да се соочи со одговорност
