Македонија
1. November 2020 - 21:16

Анализа - каква зима не очекува и како ќе влијае на ширењето на корона вирусот

Магла, загаден воздух и ковид е лоша комбинација која ќе го зголеми бројот на заразени лица во земјава во престојниот период, покажува анализата „ Аерозагадувањето во текот на зимата 2020/2021 со осврт на ковид 19.

Според виситинг професорот на факултетот за информатички науки Владо Спиридонов, токму благата зима која не очекува, ќе резултира со појава на магла и загаден воздух во котлините.

Тоа значи дека загадениот токсичен воздух кој го дишеме, му помага на вирусот полесно да ги  нападне белите дробови и побрзо да се прошири низ целиот организам, вели докторот Оливер Зафировски.

Дека ПМ 10 честичките влијаат врз ширењето на вирусот потврди и министерот за здравство Венко Филипче. Токму поради тоа маската на отворено е неопходна, вели тој.

Дека загадениот воздух му оди во прилог на вирусот покажува и неодамно објавена студија од германски и кипарски научници, според која околу 15 проценти од смртните случаи од ковид-19 може да се препишат на долгорочната изложеност на аерозагадувањето и лошиот квалитет на воздухот.

Од друга страна пак, Скопје речиси секоја година е на врвот на листата на најзагадени градови во светот.