Македонија
12. April 2023 - 21:16

Анализа: Дали ангажманот на работниците на Бехтел и Енка од 60 часа неделно согласно Уставот?

Власта да не се обидува да ја врати во живот идејата за 60 часовна работа недела за градежниците на „Бехтел и Енка“. Уставен експерт кој во оваа фаза инсистира на анонимност, за Сител вели, ако Уставниот суд веќе забранил прекувремена работа, таквата одлука е конечна. Предложените измени во законот за работни односи во име на Јавниот интерес, не го оправдуваат кршењето на уставно загарнтираното право за времетраењето на работната недела. Потсетуваат дека непочитувањето на одлука на Уставен суд е кривично дело.

„Норма за која Уставен суд еднаш одлучил е конечна и никој не смее понатаму да ја враќа во живот со одредени модификации. Пратениците двапати да помислат што ќе гласаат. И да сакаат, не смеат со шминки во законот да одат спротивно на одлуките на Уставен“, вели експертот по уставно право.

И синдикатите во косултации со уставни експерти предупредуваат дека се прави обид за заобиколување на законите. Велат процесот води кон уназадување на работничките права.

„Одредени преставници на власта, преку група пратеници, пробуваат да го изиграат целиот систем, целиот закон за работни односи, за да се удоволи на некој конзорциум кој склучил договор во четири очи со владата. Работникот, само во исклучителни околности и можности треба да остане прекувремено, а не да легализираме ние секој ден по 10 часа на работа и сабота и да ја вратиме недела работен ден во сите сектори“, вели Иван Пешевски, Претс на синдикат за градежништво.

Владините претставници пак тврдат дека прекувремената работа не се озаконува за сите, а градежниците сами ќе одлучат дали сакаат работниот ден да им трае 10 часа.

Уставниот суд лани во јули го укина членот од законот за Бехтел и Енка кој предвидуваше работното време да трае 60 часа неделно. Неговата примена го повредува правото на дневен и неделен одмор, напиша уставен во својата одлука.