„Ана Комнена“ премиерно на сцената на велешкиот театар „Јордан Х.К.- Џинот“

На сцената на Народниот театар „Јордан Х.К.-Џинот“ во Велес вечерва премиерно ќе биде изведена претставата „Ана Комнена“ од Сашо Димоски, во режија на Ненад Витанов и Васил Зафирчев.
Претставата „Ана Комнена“ е праизведба на истоимениот драмски текст на Сашо Димоски, второрангиран на конкурсот за драмски текст за отворање на новата театарска зграда.
Претставата е последна, четврта премиера од минатогодишната програма на театарот, поддржана од Министерството за култура, со која велешкиот Театар ќе ја отвори новата театарска сезона за 2017 година.
Како што појасни за медиумите Васил Зафирчев уметнички директор на велешкиот театар и еден од двајцата режисери, „Ана Комнена“ не е историска драма ниту драма на историјата, туку современ драмски прочит.
- Претставата го преиспитува историскиот контекст и феноменот на власта, но и сите политички, социолошки, културолошки и уметнички референци на Византија како империја во нивните универзални значења и вредности, потенцира Зафирчев.
Сашо Димоски авторот на текстот информира дека претставата е градена на три основни концепти.
- Тие се родовото устројство на светот, позицијата на жената во власта и преиспитување на концептот верба, позицијата на Бог, прочитана од сите можни перспективи што го засегаат човековото битие. Сите три концепти се особено сериозни, затоа што на нив почива цивилизацијата, потенцира Димоски.
Режисерот Ненад Витанов појасни дека претставата ја третира личната драма на византиската принцеза Ана Комнена која иако легитимен претстолонаследник на византискиот престол, не успева да застане на чело на империјата само затоа што е жена.
- И во денешно време постојат сегрегирањата по основа на пол и затоа е интересна животната приказна на Ана Комнена. Покрај перипетиите што и се случуваат во борбата за престолот, нејзиниот прогон, на крајот сепак таа успева да извојува морална победа, од која произлегува главната поента на претставата, дека човекот не го прави позицијата општеството, туку душата и срцето,потенцира Витанов.
Насловната улога во претставата ја толкува актерката Кети Борисовска. Ана Комнена е најголемиот воин во борбата за добивање на нештата со право што следува по природен пат, а нејзиното најсилно оружје е тоа што е апсолутна жена.
Покрај Борисовска, во претставата настапува речиси целиот ансамбл на театарот: Васил Зафирчев, Јордан Витанов, Весна Димитровска Бобевски, Зорица Панчиќ, Жарко Спасовски, Александар Велјановски, Самоил Стојановски, Фаик Мефаилоски, Талија Настова, Маја Љутков, Александар Ѓеоргиев, Кирил Гравчев, Марија Стефановска, како и студентите од Факултетот за аудио-визуелни уметности „ЕСРА“ Даријан Петровски, Андреј Серафимовски и Румена Шопова.
Сценографијта е на Валентин Светозарев, костимографијата на Раде Василев, авторската музика на Сашко Костов, а видео-дизајнот на Данчо Стефков.
Ново на Сител
-

Една одлука спасува 8 човечки животи – органодонорството како најголема светилка во животот
-

Тема на денот со Сефер Селими, политички аналитичар
-

Запалени дипломатски возила пред Бугарската амбасада
-

САД и Иран постигнаа договор за прекин на војната и отворање на Ормутскиот теснец
-

Безбедносните експерти со внимателен оптимизам ја следат најавата за можен договор за крај војната САД – Иран
-

Поскапуваат горивата
-

Запалени дипломатски возила пред Бугарската Амбасада
-

Марта Кос: Денеска е “Мега понеделник” за проширување на ЕУ – Украина и Молдавија ги почнуваат преговорите
