Свет
10. February 2017 - 15:17

Ана Бирчал е новата романска министерка за правда

Романскиот претседател Клаус Јоханис денеска потпиша указ со кој се именува Ана Бирчал за вршител на должност министерка за правда.

Бирчал, досегашна делигирана министерка за европски прашања, вчера беше предложена за вршител на должност, откако министерот за правда Флорин Јордаке поднесе оставка.

На предлог на Јордаке минатата недела романската Влада прифати промени на кривичниот закон, што предизвика најголеми протести по падот на режимот на Николае Чаушеску во 1989 година. Удредбата беше оценета како отстапување од борбата против корупвијата, а Владата ја повлече.