Џет-Сет
19. July 2016 - 13:32

Ана Бекута и нејзиниот сопруг доживеале сообраќајна несреќа

Ана Бекута и Мулутин Мркониќ на враќање од Црна Гора доживеаја сообраќајна несреќа.
 
Тие биле на аеродром каде што се создала голема гужва поради лошото време.
 
Возачот на популарната двојка направил сообраќајна несреќа, која за среќа не била сериозна.
 
- Се е во ред. Немавме никакви сериозни проблеми, ништо страшно не се случи. Дожд и лошо време, рече Мрка.
 
Ана Бекута имала настап во Црна Гора, а како што вели Мрка, и тој имал професионални ангажмани.