АМСМ информира каква е состојбата на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови по влажни коловози, со остатоци од снег. АМСМ предупредува дека поради ниски температури наместа е можна појава на голомразица.
Забрана за движење на тешки товарни возила има на планинскиот премин Пресека и на патниот правец Маврово - Дебар каде за останатите возила е задолжително користење зимска опрема.
АМСМ препорачува исклучително внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Во клисурите и засеците можна е почеста појава на одрони, особено на патните правци: Кочани -Мак. Каменица - Делчево, Виница - Берово, Гостивар - Стража, Маврово – Дебар - Струга, Демир Капија - Удово, Катланово - Велес, Крушево - Демир Хисар и Ресен - Буково.
Интензитетот на сообраќајот на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата, освен на Евзони каде поради лошите временски услови и состојбата на патиштата, се уште не е дозволен влез на товарни возила и автобуси во Грција.
Ново на Сител
-
ЕУ: Очекуваме соработка со претседателката на Македонија
-
Србија испраќа хуманитарна помош за Газа
-
Бојан Миовски номиниран за фудбалер на годината во Шкотска
-
Излета автомобил од патот Куманово – Скопје, едно лице тешко повредено
-
Драма во Скопје: Претепал жена, а потоа бил агресивен кон полицијата
-
Исчезна Турчинка која престојувала во хотел во Скопје
-
Избувна пожар во куќа во Пласница, зафатена и соседната куќа
-
37 годишник го запалил мостот „Беласица“, лежи во затвор за тешка кражба