АМС: ФФМ подготвува незаконско собрание
Во пресрет на неделното изборно собрание на ФФМ до федерацијата со писмо реагираше Агенција за млади и спорт која побара итно усогласување на статутот на ФФМ со Законот за спорт во спротивно како што стои стои во писмото упатено до федерацијата можно е укинување на дејноста спорт.
Очигледно на агенцијата и е јасно дека со начинот на кој се организира изборното собрание прекршени се бројни членови на статутот и правилниците на федерацијата со што во недела на изборното собрание ќе има само еден кандидат, в.д претседателот Муамед Сејдини.
Симптоматично е што нема други кандидати иако се најавува демократско собрание во пресрет на кое спорни се многу активности на федерацијата, како преземањето на ингеренциите на собранието од страна на изборната комисија со што се крои листата на делегати. Потоа непотизам на раководните функции, внесување на членови во статутот кои се косат со законот за Дискриминација и многу други прекршувања. Од тие причини очигледна е заложбата на АМС да се корегира статутот кој треба да биде демократски и во согласност со статутите на ФИФА и УЕФА и законот за спорт.
Логична постапка е да се одложи изборното собрание закажано за в недела и да се формира работно тело кое ќе ги направи потребните корекции на статутот па потоа да се организира ново изборно собрание во духот на демократските принципи со учество на повеќе кандидати за пополнување на претседателската функција во нашата најголема федерација.
Ново на Сител
-

Менаџерот ја има клучната улога во угостителскиот сектор
-

Во недостиг на ученици започна борбата кај средните училишта кој да запише повеќе ученици
-

Тема на денот со Александар Атанасовски, универзитетски професор
-

Преглед на вестите од светот
-

Мицкоски - нашите одлуки ја одредуваат нашата иднина
-

Кривични пријави за насилството го преполнија полицискиот билтен
-

Почнува судењето за апелацискиот судија кој во ѕид сокри 350 илјади евра
-

ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ си разменија обвинувања – кој е патриот, а кој предавник
