Македонија
1. October 2016 - 12:31

Амети, Митровски и Мурати учествуваа во акцијата „Македонија без отпад 2016“

Министерот за животна средина и просторно планирање Башким Амети заедно со градоначалниците на општините Ѓорче Петров и Сарај, Сокол Митровски и Беким Мурати се вклучија во акцијата „Македонија без отпад 2016“.

Како што соопшти Министерството за животна средина и просторно планирање, чистењето на несоодветно депонираниот отпад се изведе на повеќе локации во општините Ѓорче Петров и Сарај, се со цел подигнување на јавната свест и обезбедување на почиста животната средина за граѓаните.