Американското Министерство се спротивстави на објавување документ со причините за претресот на имот на Трамп
Американското Министерство за правда се спротивстави на објавувањето на судски документ со кој на јавноста би и биле презентирани причините за претресот на имотот на Доналд Трамп на Флорида.
Операцијата на федералната полиција во Мар а Лаго создаде политичка бура во САД. Тоа е првпат да се случи вакво нешто со резиденцијата на поранешен шеф на државата. Поддржувачите на Трамп рекоа дека тоа е „лов на вештерки“.
Неколку организации, вклучително и медиумите, побараа од судијата да го објави документот во кој истражителите објаснуваат зошто е неопходна претресот. Но, Министерството за правда рече дека таквото објавување ќе и наштети на тековната истрага
Во петокот, на барање на обвинителите, судијата јавно го објави налогот за претрес на имотот на Трамп и списокот на документи запленети во операцијата.
Документот на чие објавување се инсистира, содржи доверливи информации за сведоци и техники што ги користи полицијата, како и исклучително важни факти за истрагата, посочуваат од Министерството за правда. Нејзиното објавување може да им наштети на следните фази од истрагата со откривање на стратегијата на истражителите.
Во меѓувреме, долгогодишниот директор за финансии на Организацијата Трамп, Алан Вајзелберг, се очекува денеска да се изјасни за виновен по обвиненијата за даночна измама, а неговото судење се очекува да започне во октомври, јавија американски медиуми.
Ново на Сител
-
Ристески: Покачувањето на плата на јавната администрација треба да биде во контекст со подобрување на економската состојба во Македонија
-
Ме боли кога луѓе кои не ме знаат зборуваат невистини за мене | Давид Давидовски | Sitel Podcast 078
-
Германскиот кабинет планира да и дозволи на армијата да соборува нелегални беспилотни летала
-
Врнежи од снег со слаб интензитет во Кичево, Пресека и Буково, активни забрани за тешки возила на неколку правци
-
Мицотакис преку писмо до Фон дер Лајен бара да се најдат брзи решенија за цените на енергијата во ЕУ
-
Утре завршува новогодишната кошничка
-
Знамето со сонцето од Кутлеш забрането на СП во ракомет во Хрватска
-
23-годишна мајка од гостиварско ја малтретирала својата поќерка