Американскиот Сенат одобри 95 милијарди долари помош за Украина, Израел и Тајван
Американскиот Конгрес ноќеска го одобри пакет помош од 61 милијарда долари за Украина, што се случи по неколкумесечен застој заради спротиставувањето на тврдото крило во Републиканската партија, јави ДПА.
Во американскиот безбедносен пакет помош, вреден вкупно 95 милијарди долари, покрај Украина, опфатени се и Израел и Тајван, додаде германската агенција. Пакетот помош предвидува 61 милијарда долари за Украина, 26 милијарди за Израел и околу 8,12 милијарди за „спротивставување на комунистичка Кина“ во Индо-Пацификот.
За усвојување на законот гласаа 79 сенатори, додека 18 беа против, што е многу повеќе од потребното мнозинство во Сенатот од 100 членови за законот да биде усвоен.
Според уставната процедура законот сега треба да го потпише и претседателот на САД, Џо Бајден.
-Ќе го потпишам овој предлог-закон и ќе му се обратам на американскиот народ штом ќе стигне утре за да може уште неделава да почнеме со испраќање оружје и опрема во Украина, рече Бајден кратко по гласањето, додавајќи дека сака да започне со испорака на оружје и опрема за Украина оваа недела.
„Со усвојувањето на законодавниот пакет, кој вклучува и милијарди долари помош за Израел и Тајван, американскиот Конгрес ја покажа моќта на американското лидерство во светот“, рече Бајден.
-Ние одлучно се залагаме за демократија и слобода и против тиранијата и угнетувањето, додаде американскиот претседател.
„Овој закон ќе ги направи нашата нација и светот побезбедни бидејќи ги поддржуваме нашите пријатели кои се бранат од терористи како Хамас и тирани како Путин“, рече Бајден.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски му се заблагодари на американскиот Сенат „за одобрувањето на виталната помош за Украина“.
-Ова гласање ја зајакнува улогата на Америка како светилник на демократијата и лидер на слободниот свет, изјави Зеленски, пренесе ДПА.
Претходно вчера, портпаролот на Пентагон, Пат Рајдер, им изјави на новинарите во Вашингтон дека нова воена помош може да биде доставена до Украина „во рок од неколку дена“.
Испораките ќе бидат „засновани на најитните потреби на Украина“, рече Рајдер. „Мислам дека е добра претпоставка да се очекува дека ќе вклучува капацитети за воздушна одбрана, како и артилериска муниција.
Ново на Сител
-
198 санкционирани возачи во текот на изминатиот викенд на подрачје на СВР Битола, 84 за брзо возење
-
Тешко повредено едно лице, откако возило излетало на железничка пруга
-
Англија со победа го започна ЕП – Белингем и пресуди на Србија
-
Комплетиран предлог составот на новата влада, гласањето најавено за 22 и 23 јуни
-
Американски турист пронајден мртов на остров во близина на Крф, исчезнаа уште тројца туристи
-
Шест години од потпишувањето на Договорот од Преспа
-
Лидерите на ЕУ на неформална средба ќе расправаат за избор на носителите на врвните функции во Унијата
-
Столтенберг во посета на САД и Канада