Американскиот Сенат го блокира тарифниот удар на Трамп врз Канада
Американскиот Сенат изгласа закон со кој се укинуваат новите царини наметнати на Канада од страна на претседателот Доналд Трамп. Гласањето се одржа само неколку часа откако Трамп воведе опсежни тарифи за увозните производи од најголемиот дел држави во светот.
Законскиот акт беше усвоен со 51 гласа „за“ и 48 „против“, по што беше испратен на разгледување во Претставничкиот дом, каде што најверојатно ќе остане блокиран.
Гласањето претставува удар за Трамп, бидејќи четворица републикански сенатори се приклучија кон демократите во поддршката на одлуката. Законскиот предлог, поднесен од Демократската партија, има за цел да ја укине вонредната состојба што Трамп ја прогласи на 22 јануари, со образложение дека е неопходна за да се спречи нелегален увоз на фентанил од Мексико, Канада и Кина.
Вонредната состојба потоа беше искористена како основа за воведување нови царини на канадските производи. Сенаторката Сузан Колинс изјави дека тарифите ќе и наштетат на економијата на нејзината родна сојузна држава Мејн, особено на производителите на хартија кои набавуваат суровини од Канада. Сенаторот Ранд Пол, пак, предупреди дека тарифите ќе ја влошат трговската клима.
Ново на Сител
-
Ревизорите утврдија низа неправилности во работењето на Бирото за развој на образованието
-
Судот одлучи – ниту 2 милиони евра нема да го спасат Јахоски од притвор
-
Тема на денот со Зоран Љутков, министер за култура
-
Нотарка дискриминирала слепо лице: „Ти си неписмен откаде знаеш што потпишуваш“
-
Преглед на вестите од светот
-
Обвинителството отвори истрага за токсичната пепел од РЕК Битола
-
Привршува судењето за модуларната болница во Тетово
-
По 1 мај средба Мицкоски - Таравари