Американскиот конгресмен Елиот Енгел во работна посета на Скопје

Претседателот на Комисијата за надворешна политика на Конгресот на САД, конгресменот Елиот Енгел, во рамки на работната посета на Република Северна Македонија која е дел од неговата турнеја по земјите од регионот, денеска ќе има средба со претседателот на Собранието, Талат Џафери.
Енгел заедно со конгресменот Мајкл Мекал, кој е член на Комисијата за надворешна политика на Конгресот на САД, со која тој претседава, на 6 февруари годинава упатија писмо до администрацијата на претседателот Доналд Трамп со барање да го поддржи членството на Северна Македонија во НАТО. Во писмото адресирано до државниот секретар Мајк Помпео, двајцата конгресмени нагласуваат дека членството на нашата држава во НАТО ќе помогне да се обезбеди стабилност и мирот на Балканот.
Конгресменот од САД вчера попладне имаше средба и со премиерот Зоран Заев на која било оценето дека Република Северна Македонија се движи по вистинската патека и дека е добар пример во регионот како се решаваат билатерални прашања – низ храбри политики на искрен дијалог. Како што вчера соопшти владината прес-служба, на средбата била изразена силна поддршка за интеграциите на Република Северна Македонија во НАТО и е констатирано дека членството на нашата држава во НАТО значи безбедносна заштита, стабилност и сигурност.
Ново на Сител
-

Втора шанса за прв впечаток: Може ли Скопје и Софија да ги поправат скршените односи?
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Максим Димитриевски, лидер на ЗНАМ
-

Патарини ќе може да се плаќа и преку мобилен телефон
-

Петмесечно бебе починато однесено на Детска клиника
-

Судскиот совет пред одлука меѓу судиите Димовска и Стефановски за претседател на Кривичниот суд
-

Само три лица издржуваат куќен затвор со електронска алка, ќе се менува Законот за пробација
-

Жестока расправа во Советот за кварталниот извештај за буџетот на Град Скопје
