Американскиот Конгрес ќе расправа за Бих и Западен Балкан

Наследството од Дејтонскиот договор и иднината на Босна и Херцеговина, но и на целиот Западен Балкан ќе бидат тема на сослушување во Конгресот на САД в среда, дознава Фена.
Сослушувањето ќе биде одржано пред Поткомитетот за Европа, Евроазија и нови заками при Комитетот за надворешни работи на Претставничкиот дом. Со Комитетот за надворешни работи претседава републиканецот Ед Ројс од Калифорнија.
Свои сведочења ќе имаат Метју Палмер, вршител на должноста помошник секретар на Бирото за европски и евроазиски работи во Стејт департментот, Саша Топериќ, директор на Иницијативата за медитеранскиот регион, Блискиот исток и Заливот при Центарот за Трансатлантски односи, Филипе-Леро-Мартин, директор за владеење на правото, правда и безбедност во Американскиот институт за мир и Курт Басуенер, коосновач и виш соработник во Советот за демократизација на политиката.
Ново на Сител
-

Радев победи на изборите во Бугарија, неизвесно формирање на стабилна влада
-

Со нови линии до повеќе туристи
-

Тема на денот со Владимир Владимиров, политички аналитичар
-

ИПР со регионално решение за кучињата скитници
-

Бугарија гласа: Уште еден обид за стабилна влада и подобри односи Скопје-Софија
-

Бугарите во Македонија гласаат без проблеми
-

Мицкоски очекува проевропски премиер во Бугарија
-

Власта задоволна - опозицијата бара нови мерки против кризата
