Американскиот буџетски дефицит лани изнесувал 587 милијарди долари
Буџетскиот дефицит на САД во текот на штотуку завршената фискална година изнесувал 587 милијарди долари, пренесуваат американските медиуми, повикувајќи се на статистиката на Министерството за финансии.
Американските медиуми посочуваат дека тоа е чувствително зголемување од 34 проценти по значителното подобрување на ситуацијата по рекордните дефицити во првите години од управувањето на претседателот Барак Обама.
И покрај тоа што овие податоци се отрезнувачки, тие не изгледаат толку лоши за Вашингтон, што е западнат во политичка парализа, да преземе мерки за ограничување на државните трошоци, забележуваат медиумите во САД.
Американската Влада од секој долар на заем зема по 15 центи, што потоа ги троши. Државните расходи се зголемени за приближно пет отсто во фискалната 2016 година, до 3,9 трилиони долари, додека приходите во државната каса останале непроменети на нивото од 3,3 трилиони долари.
Неконтролираниот буџетски дефицит и нараснатите американски долгови во голем степен се заобиколуваат и од двајцата кандидати во капањата за претседателските избори, што треба да се одржат следниот месец.
Економистите коментираат дека никој од претендентите нема реален план за решавање на овие проблеми.
Ново на Сител
-
Тим од медицинска сестра, социјален работник, психолог и физиотерапевт ќе посетува семејства од социјален ризик
-
Општина Босилово почна со рециклирање на текстилот
-
Преглед на вести од светот
-
23 Oктомври – Ден на македонската револуционерна борба
-
Се уште се трага по исчезнатиот 60 годишен стружанец
-
Преглед на вестите од светот
-
Граѓаните ќе може да ја тужат државата пред Управен суд поради загаден воздух
-
Тема на денот со Агим Јонуз, политички аналитичар