Американски специјалци распоредени на Блискиот Исток

Стотици припадници на специјалните сили на американската армија пристигнале на Блискиот Исток, јавуваат американските медиуми.
Според извештаите на „Њујорк Тајмс“ и на „Си-Би-Ес“ чии извештаи се темелат врз воени извори и лица запознаени со операцијата, распоредувањето вклучува припадници на „ренџерите“, елитни единици на копнените сили на САД, како и единици на морнаричките „фоки“.
Новопристигнатите сили им се придружуваат на илјадниците маринци и падобранци веќе распоредени во регионот.
Според истите извори, американските сили би можело да бидат ангажирани во мисии за повторно отворање на Ормускиот теснец, преземање на контрола врз клучниот ирански извозен нафтен центар на островот Харг или во акции за обезбедување на високо збогатен ураниум.
Последните денови растат шпекулациите за можен копнен напад на САД врз Иран.
Американскиот претседател Доналд Трамп јавно го повика Техеран на дипломатско решение за конфликтот инициран од САД и Израел, истовремено предупредувајќи на можноста од понатамошна воена ескалација.
МИА
Ново на Сител
-

Почина Владо Јаневски
-

Пет активни пожари на отворен простор, соопшти ЦУК
-

Путин: Русија минува низ тежок период, но ќе ги надмине сите закани
-

Уапсени 14 возачи за безобѕирно управување возило
-

СЗО: Над 1.300 луѓе починаа поради топлотниот бран во Европа
-

Осум пожари на отворено во текот на денов, три сè уште активни
-

Кривична за 42 годишна жена, ги оставала своите деца да спијат во нејзиното возило додека била на работа
-

ЈО: Насилна е смртта на жената од Таор, за убиството осомничен поранешниот сопруг
