Американска гранична полиција бара од тинејџер да ја испие течностa која ја носи, по 4 голтки починал
Пред неколку дена медиумите во Америка објавиле снимка од сигурносна камера која покажува како граничната полиција му кажува на тинејџер да испие отровна течност од која подоцна починал.
Круз Веласкез имал 16 години кога во 2013. се обидел да прокриумчари течен метамфетамин од Мексико во САД. Граничната полиција го запрела на преминот во Сан Диего. Во ранецот имал две шишиња смртоносна течност, на полицијата рекол дека носи сок од јаболко.
Полицијата не му верувала, па го пратиле на инспекција каде му е кажано да ја испие содржината од шишето. По четири голтки, Веласкез добил напад и паднал на земја. Одведен е во притвор, а потоа префрлен во болница каде умрел.
Тинејџерот поради отровната течност почнал да се грчи и да вреска од болки, а непрестанато викал "моето срце". Неговото семејство тврди дека полицијата допринела за неговата смрт бидејќи не му пружиле медицинска помош, дури и го присилиле да ја испие дрогата.
"Знаеле точно што прават"
Семејниот адвокат Еуген Иредел по објавувањето на снимката изјавил: "Она што го гледате е комплетен недостаток на сочувство и почитување кон 16-годишно момче. Полицајците дури и задоволно се смееле додека ја пиел отровната течност".
Иредел тврдел дека полицајците се сомевале дека течноста содржи дрога, но сеедно побарале од Веласкес да ја испие.
- Вистина е дека го прекршил законот и дека физички не го натерале да пие од шишето, но знаеле точно што прават - изјавил адвокат за NBC.
Вмешаните полицајци не биле казнети, а семејството во март оваа година со судска одлука добило оштета од 1 милион долари.
Погледнете го видеото:
Ново на Сител
-
Физички нападнат 51-годишник од две лица по претходна случена сообраќајна несреќа
-
Украдено товарно возило на АРМ пронајдено во Кисела Вода
-
Две лица пукале кон 36-годишник од с.Грчец, се здобил со повреди во ногата од огнено оружје
-
Фондот за здравство работи на формирање тимови за рехабилитација на повредените во Кочани
-
Бугарското Собрание усвои резолуција во врска со напредокот на земјава во ЕУ
-
140 луѓе во тетовската болница не зеле плата 2 месеца
-
Град во источна Германија нуди 14 дена бесплатен престој и можности за работа
-
Поплави во Романија се закануваат да го загрозат еден од најголемите европски рудници за сол