Американец бил проголтан од кит кој по скоро една минута го плукнал
Aмерикански ловец на јастози беше проголтан од кит додека нуркаше, но набрзо го плукна, оставајќи го речиси неповреден. Мајкл Пакард поминал 30-40 секунди во устата на морскиот гигант во близина на брегот на државата Масачусетс, пишува Би-Би-Си.
На крајот, Пакард претрпел само повреда на коленото. Ловецот на јастог за медиумите изјави дека почувствувал удар и одеднаш сè се затемнило, откако скокнал од својот брод во вода во опремата за нуркање.
Мислел дека е нападнат од една од големите бели ајкули кои пливаат во областа, но потоа допирал околу него и сфатил дека животното нема заби.
„Тогаш сфатив: Боже, јас сум во устата на кит и тој се обидува да ме проголта. Тоа е тоа, ќе умрам“.
Пакард раскажа дека во моментот мислел на неговата сопруга и двајцата синови, на возраст од 12 и 15 години.
„Тогаш китот исплива на површината и почна да ја тресе главата. Ме фрли во воздухот, а јас паднав во водата. Бев слободен и само лебдев така. Не можев да верувам. Жив сум да ја раскажам приказната“, рече тој.
Друг член на екипажот на бродот, кој очајнички гледал во водата, барајќи знак дека Пакард е жив, го извлекол на пловилото.
Пожарникарите потврдија дека добиле повик за помош на повреден ловец на јастог на градската плажа. Новинарите го интервјуираа Пакард откако тој беше пуштен од болницата во Кејп Код. И покрај молбите на неговата сопруга, 56-годишниот Пакард нема намера да ја напушти работата.
Ново на Сител
-
Орбан: Трговскиот договор меѓу ЕУ и САД е полош од оној со Британија
-
Де Вевер: Нема причина за славење поради трговскиот договор ЕУ-САД
-
Во Стокхолм ќе се одржи нов круг разговори меѓу САД и Кина за трговскиот спор околу царините
-
Стармер ќе разговара со Трамп за прекин на огнот во Газа и тарифите за британскиот челик
-
Италија победник на Лигата на нации во одбојка за жени
-
Отпечаток од рака стар 4.000 години пронајден на египетски глинен сад
-
Северна Кореја ја одбива понудата за дијалог со Јужна Кореја
-
Тројца загинати, десетици повредени во вчерашната железничка несреќа во југозападна Германија