Амбулантно возило за Итната медицинска помош во Букурешт донација од словачката Амасада

Итната медицинска помош во Поликлиника Букурешт денеска доби амбулатно возило донација од Амбасадата на Република Словачка.
Амбулантното возило е наменето за Службата за Итна медицинска помош и домашно лекување и е комплетно опремено со медицинска опрема.
На предвањето на донацијата присуствуваа Мартин Безак, амбасадор на Република Словачка , Иво Крпелан регионален директор на Фалк за Средна и Источна Европа, директорите на ЈЗУ Здравствен Дом Скопје Татјана Баевска Вучковиќ и Бесим Кока и деканот на Медицински факултет Никола Јанкуловски.
Во соопштението се наведува дека од голема важност е зајакнувањето на возниот парк на Службата за ИМП со микрогрант амбулантното возило од страна на Амбасадата на Република Словачка, бидејќи Службата за итна медицинска помош е од витално значење за градот и неговата околина која со својата дејност услужува околу 700.000 жители.
Покрај секојдневните итни и одложени интервенции во доменот на здравствената заштита на населението, врши медицински транспорт на пациенти во градот, во државава и надвор од неа според медицинска индикација или на барање на пациентот.
- Службата врши медицински обезбедувања на собири и манифестации од различен карактер како спортски натпревари, културни и политички збиднувања и др.
Во 2012 година возниот парк на службата е зголемен со 14 нови санитетски возила целосно опремени со стандардна медицинска опрема и апаратура.
Во 2015 година споредено со податоците од 2014 година, зголемен е бројот на самостојно решени интервенции на терен од страна на Службата за Итна медицинска помош.
Како што се наведува во соопштението бенефитит е двоен како за Службата за Итна медицинска помош, така и за корисниците на услугите пациентите со надеж за понатамошна соработка и подршка од страна на донаторите.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Орце Ѓорѓиевски
-

Гостиварци чекаат техничка вода, епидемијата стивнува
-

Гостиварци чекаат техничка вода, епидемијата стивнува
-

СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ со меѓусебни обвинувања за епидемијата во Гостивар
-

До среда ќе се знае што ја предизвика белата пена во Вардар
-

Уапсена Македонка која прегази куче во Улцињ, семејството тврди дека ги нападнало
-

Родители на протест, без училиште нема иднина за с. Долни Балван
-

12 плажи имаат спасители на вода
