Амбасадорот Жбогар во посета на Валандово

Во рамките на кампањата „ЕУ за ТЕБЕ“, амбасадорот Самуел Жбогар, денеска го посети Валандово и се сретна со градоначалникот Перо Костадинов, а во средното училиште „Гоце Делчев“ имаше жива дебата со учениците од средното училиште на тема „Визијата на младите за ЕУ“.
Како што соопштија од Делегацијата на ЕУ, Жбогар учествуваше во заедничка акција за чистење, а ја посети и детската градинка „Калинка“, реновирана со средства од фондовите на ЕУ.

Посетите на средни училишта ширум земјата во рамките на „ЕУ за ТЕБЕ“ продолжуваат, придружени од дебати и размена на мислења помеѓу амбасадорот и учениците. Дебатите се однесуваат на различни прашања и теми поврзани со Европската Унија и ЕУ-интеграцијата на земјата, сегашната состојба во Унијата, како и за придобивките од членството, но и за предизвиците и одговорностите.
Акцијата за чистење беше уште една во серијата слични акции организирани како дел од кампањата „За чисто како дома исто“, со која Делегацијата на ЕУ придонесува за почиста животна средина и поквалитетен живот.

Серијата дебати со млади се организираат во соработка со невладината организација Младински образовен форум (МОФ). МОФ води 15 младински клубови во осум општини ширум земјата во рамките на проектот „Младинско изразување“, кој е финансиран од ЕУ,, стои во соопштението.
Ново на Сител
-

Укинување на доживотниот затвор бараат осудените за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски
-

Ниту еден од 13-те полицајци не се чувствува виновен за трагедијата во „Пулс“
-

ЕУ разгледува можност за постепено интегрирање, Муцунски бара да нема билатеризација
-

Опозицијата обвини за блокади - Власта за предавство
-

Од полноќ дизелот поевтинува за 4 денари
-

Увид во изградбата на автопатот за Охрид
-

Филипче: Изградбата на коридорите е добар потег
-

Училишните психолози ќе се лиценцираат за да превенираат врсничко насилство
