Амбасадорот на ЕУ Михалис Рокас во Преспа ќе го посети природниот парк Езерани

Амбасадорот на Европската Унија, Михалис Рокас и постојаниот претставник на УНДП, Армен Григорјан, денеска ќе престојуваат во преспанскиот природен парк Езерани, каде со локалното население ќе разговараат за прашања поврзани со заштитата на тамошната уникатна животна средина.
Како што е познато, Езерани е природен парк што опфаќа мочуришта, ливади и плитки езерски води, но и покрај неговото значење, езерскиот екосистем е во процес на деградација, кој главно се должи на нерегулирано испуштање на нетретирани отпадни води во езерото.
На средба со локалното население, амбасадорот Рокас и Грегоријан, фокус ќе биде собирањето и третманот на отпадот, кои имаат негативно влијание врз животната средина во областа Езерани. Според програмата, една од активностите на програмата ЕУзаПреспа, финансирана од ЕУ, управувана од УНДП, има за цел елиминирање на шест депонии и нивно пренаменување во корисни јавни простори.
Во рамки на проектот обезбедени се и две возила за собирање отпад и 2.300 канти од полиетилен кои треба да спречат повторно појавување на нелегални депонии и подобро собирање и управување со отпадот во Преспа.
Настанот за вклучување на заедницата во Езерани има за цел да ја подигне свеста кај жителите на Преспа за штетните ефекти од лошото управување со отпадот и да повика на нивно зелено креативно размислување за чиста животна средина.
Ново на Сител
-

Со месеци чекање за дијагноза, со саати за преглед - секоја година истите маки на онколошките пациенти
-

Нема простор за паника, но има потреба од внимателност по одложувањето на вакцинацијата со БСЖ
-

Преглед на вестите од светот
-

СДСМ: Ние сме единствена партија која е за зголемување на минималната плата на 600 евра
-

Петрушевски: Случајот со хеликоптерите е доказ за криминал и корупција во владеењето на СДСМ
-

„Парите во ѕидот се наши, кога ќе останеше некоја паричка ја ставав во дупчето“ - сведочеше мајката на Ѓоко Ристов
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Иванка Василевска, пратеничка на ВМРО-ДПМНЕ
